Како акушерките „на прв поглед“ знаат дека бебето е предвремено родено?
Акушерките честопати првпат ја среќаваат мајката во моментот кога влегува во родилната сала, кога го знаат за неа само она што им е потребно во тој момент за да се роди бебето безбедно.
Најчесто, тие не знаат во која недела од бременоста е жената, односно немаат податоци за тоа колку е „старо“ бебето. Меѓутоа, ним тоа и не им треба за да знаат дека бебето е родено предвреме.
Она по што бабицата го знае тоа се – мазните стапала и дланки на бебето.
Имено, бебињата родени пред терминот немаат линии, односно отпечатоци на дланките и стапалата, бидејќи тие почнуваат да се појавуваат само кога ќе дојде терминот за раѓање.
Фото: Unsplash