Како бабиците од прв поглед знаат дали е бебето родено предвреме?

Веројатниот датум на породување носи такво име, бидејќи е тешко да се одреди точниот датум на зачнување, а со тоа и точниот датум за пораѓање. Меѓутоа, во моментот кога ќе се роди новороденчето, искусното око на акушерката може да забележи дали е родено предвреме.

0
196

Како акушерките „на прв поглед“ знаат дека бебето е предвремено родено?
Акушерките честопати првпат ја среќаваат мајката во моментот кога влегува во родилната сала, кога го знаат за неа само она што им е потребно во тој момент за да се роди бебето безбедно.

Најчесто, тие не знаат во која недела од бременоста е жената, односно немаат податоци за тоа колку е „старо“ бебето. Меѓутоа, ним тоа и не им треба за да знаат дека бебето е родено предвреме.

Она по што бабицата го знае тоа се – мазните стапала и дланки на бебето.

Имено, бебињата родени пред терминот немаат линии, односно отпечатоци на дланките и стапалата, бидејќи тие почнуваат да се појавуваат само кога ќе дојде терминот за раѓање.

Фото: Unsplash

[better-ads type='banner' banner='999' ]