Во тинејџерскиот период многу деца имаат проблем во комуникацијата со своите родители и заради пубертетот и заради целокупната ситуација што се случува околу нив и во такви односи и ситуации можеме да ги слушнеме најчестите лаги.
На пример, средношколците потешко или речиси никогаш нема да ви признаат дека го имале својот прв сексуален однос додека не го сфатите тоа сами.
Во природата на тинејџерите е да премолчат се што може да предизвика родителите да се посомневаат дека прават нешто што тие не го одобруваат.
Затоа родителите треба да бидат мудри и да не играат улога на „полицајци“, бидејќи на тој начин постигнуваат контра ефект и лагата станува поголема.
На пример, наместо да кажете: „Лажеш и дрзок си“, кажете: „Јас сум разочаран/а сум кога не ми ја кажуваш вистината“.
На тој начин, му давате до знаење на детето дека го разбирате, но секако дека не го оправдувате она што го прави.
Тинејџерите немаат развиена самоконтрола бидејќи се во период кога допрва треба да ја развијат. Овој пат најдобро се учи преку почитување и кршење на правилата. За прекршените правила родителите треба да разговараат со своето дете.
На пример, ако разговарате со детето за неговите избрани пријатели (и не се согласувате со тој избор) или зошто детето избегало од час, тогаш треба да разговарате како може тоа да се поправи и слично.
На тој начин, на детето му давате доверба и чувство на сигурност.
Еве ги најчестите лаги што тинејџерите ги кажуваат:
„Денес немаме домашно“
Ќе ја слушате оваа реченица многу често и тинејџерите сами ќе ја кажат пред воопшто да прашате. Ова всушност значи дека домашната задача ќе ја препише од некого пред училиште или ќе избега од час.
„Професорот не стигна да испрашува денес, така што не ја поправив оценката.
Класична лага што значи дека повторно добиле лоша оценка или не се подготвиле за час.
„Ќе спијам вечерва кај другарка ми“
Највообичаената реченица што тинејџерките ја користат, всушност, значи дека ноќта ќе помине бурно и дека е прашање каде навистина ќе заврши на крајот.
„Тато рече дека може“
Кога мама вели „не“, секогаш постои татко што детето може да го искористи како изговор. Во повеќето случаи, таткото е на работа или всушност не го ни прашале.
„Не го видов/слушнав пропуштениот повик“
Повикот на родителите многу често доаѓа во погрешно време, така што на овој начин детето лесно може да се извлече дека не го слушнало телефонот.
„Но, сите одат … (Сите го прават тоа)“
Оваа реченица звучи многу повозбудливо ако родителите мислат дека само тие им бранат нешто на своите деца, додека другите родители им го дозволуваат.
Фото: Freepik