Дали носењето маски е штетно за развојот на децата?

Дебатата околу носењето маски за лице и развојот на децата стана прашање што предизвикува раздор за многу родители. Некои веруваат дека задолжителното носење маска за лице, особено за помалите деца во училиште, може да го попречи нивното искуство на учење.

0
119

Експертот за детски емоции Ешли Руба истакнала дека училишните деца во своите рани години од развојот се во многу важна фаза. Треба да го научат јазикот и фацијалните експресии, да ги сфатат задачите, емоциите и другите работи во нивната околина. Многу родители се грижат дека таа критичка фаза може да биде попречена од носењето маска. Сепак, пред пандемијата, студија спроведена во 2012 година, утврдила дека децата под 9 години се заинтересирани набљудувачи на фацијалните експресии околу очите, без разлика дали личноста со која разговараат го има покриено лицето или не. Руба, исто така, истражувала 80 училишни деца на кои им биле покажувани фотографии од луѓе со јасни и со покриени лица и ги прашувала децата дали можат да кажат која експресија покажува лутина, страв и тага. Студијата покажала дека децата можат точно да ја идентификуваат емоцијата на фотографиите со непокриени лица во 66 отсто од случаите. Додека се мачеле да ги препознаат емоциите кај лицата со маски, нивната веројатност за точно погодување на фотографиите била за 17 проценти повисока од очекуваното.

„Дури и кога маска ги покриваше носот и устата, децата можеа да ги идентификуваат овие емоции на ниво повисоко од само случајно погодување“, истакнала Руба. Други експерти веруваат дека децата лесно ќе го надминат и пребродат влијанието од носењето маски. Исто така, велат дека ризиците ќе бидат поголеми и посмртоносни ако децата се заразат со вирусот доколку се движат незаштитени.

Земање предвид на мерките за задолжително носење маски

Додека претседателот на САД, Џо Бајден, размислува за воведување универзална мерка за носење маски во сите јавни училишта, гувернерот на Флорида, Рон де Сантис, истакнал дека родителите треба да одлучат за своите деца. Тој, исто така, се согласил со еден психијатар кој рекол дека принудувањето на децата да носат маски на лицето е еднакво на злоупотреба на децата.

Ниско ниво на кислород, грижи околу дишењето

Настрана од штетите при учењето, некои родители се загрижени дека нивните деца ќе развијат проблеми со дишењето или дека ќе имаат ниско ниво на кислород во организмот ако ги носат маските 6 до 8 часа дневно. Сепак, д-р Дејвид Г. Хил од Американската асоцијација за бели дробови ги отфрли тие мислења бидејќи сите лекари носат маски постојано во болниците. Тој додал дека оваа заштитна маска е дизајнирана токму на начин на кој дишењето ќе биде нормално. „Нема таков доказ дека доаѓа до вдишување на ниски нивоа на кислород“, истакнал лекарот.

Студијата во која се наведува дека децата што носат маска се соочуваат со предизвици при дишењето била повлечена од „ЈАМА педијатрикс“.

Фото: Pexels

[better-ads type='banner' banner='999' ]