Дали мислите дека царскиот рез е полесен начин? Погледнете ги овие фотографии

„О, царски рез? Всушност, ти и не си родила. Сигурно ти е мило што си се извлекла на полесен начин", е коментарот што го слушаат многу мајки кои се породиле со царски рез.

0
236

Иако царскиот рез е породување, како и вагиналното, не е реткост да се создаваат расправии околу тоа дека е ова полесен и помалку болен начин на породување. Реј Ли, мајка од американската сојузна држава Мисури објавила на Фејсбук нецензурирани фотографии од своите лузни од царскиот рез, како одговор на честите неинформирани, непромислени и груби коментари од другите луѓе.

Во вирална објава, мајката иронично им се обраќа на коментаторите: „О, царски рез? Всушност, ти и не си родила. Сигурно ти е мило што си се извлекла на полесен начин”.

Ах, да, мојот итен царски рез беше полесен излез. Навистина не беше тешко да се биде на породување 38 часа пред да се искомплицира породувањето, а на моето бебе срцето буквално му запираше со секој мој напон“.

Оваа мајка објаснила дека немала избор и морала на царски рез за да го спаси животот на своето дете, но бидејќи оваа голема операција на стомакот била „полесен излез“, породувањето „не било нешто особено тешко“.

“Погрешно! Ова е сарказам. Ова беше најболното искуство што го имав во мојот живот. Сега сум една од моќните мајки со лузна што покажува дека дозволив бебето да биде отсечено од мене и се уште сведочам за тоа”.

„Фактот дека извадија живо бебе што вреска од мал засек од неколку сантиметри, а пред тоа ги исекоа сите слоеви на кожата, маснотиите, мускулите и органите за да стигнат до бебето, е нешто сосема различно од она како го замислував раѓањето на мојот син.

Тоа не беше пријатно искуство, и се уште не е. Ние ги користиме мускулите на трупот буквално за се, дури и за седење, па замислете какво е чувството кога не можете да ги користите скоро шест или повеќе недели. Кога медицинска сестра првпат ви кажува да станете од кревет, а вие умирате од болка бидејќи вашето тело се раствора заради шевовите, а потоа ја сфаќате иронијата во секој коментар што вели дека тоа е „полесен излез“.

Јас сум најсилната жена што ја познавам. Не само за себе, туку и за мојот прекрасен син … и искрено, јас ќе поминував низ ова секој ден само за да бидам сигурна дека ќе го видам неговото насмеано лице “, напишала таа.

Мајки кои се породиле со царски рез објавуваат фотографии од лузната со хаштаг #markoflove на социјалните мрежи, за да покажат колку се горди на својата лузна на љубовта. Дали ја имате и вие?

Фото: Фејсбук

[better-ads type='banner' banner='999' ]