Мајчинството е како да работите на 2,5 работни места со полно работно време

Грижата за децата е работа со полно работно време, а според истражувањето, мајките работат во просек по 98 часа неделно, што е како да работат две работи со полно работно време.

0
59

Воспитувањето деца е најубавата, но и најтешката работа која одзема многу време. Ова е потврдено со нова студија која јасно покажува колку време мајките трошат на своите бебиња. Студијата која ја спровела американската компанија Welch’s покажала дека мајките работат просечно по 98 часа неделно, пренесува abc7news. Тоа е приближно исто како да работите на 2 ипол работни места со полно работно време!

Во студијата, спроведена во Соединетите држави, учествувале 2.000 мајки на деца на возраст од пет до 12 години. Резултатите покажале дека мајките во просек стануваат во 6 и 23 часот наутро и продолжуваат да ги извршуваат мајчинските обврски до 20 и 31 часот.

„Резултатите од истражувањето покажуваат колку е напорна улогата на мајката заради обврските што постојано ги имаат“, вели Кејси Луис, нутриционистка на Велч.

Четири од десет испитани мајки рекле дека се чувствуваат како да имаат бескрајна низа задачи што треба да ги завршат. Според резултатите од истражувањето, мајките се соочуваат со бројни притисоци, и во просек успеваат да одвојат само еден час и седум минути дневно за себе.

Она што им помага да ги издржат тешките денови се играчките, Ајпод, кафе, влажни марамчиња, ТВ -емисии за деца и помошта на бабите и дедовците. „Зафатените мајки честопати се идентификуваат со спасителите, бидејќи, покрај големиот број обврски, тие стануваат и еден вид погонско гориво за целото семејство и тоа, од недела во недела“, вели Луис.

Така, просечната мајка работи и во просек по 14 часа дневно, што во основа е еквивалентно на две работни места со полно работно време. Истражувачите потсетуваат дека покрај родителството, тука е и постојана грижа за куќата, а интересно е што многу мајки воопшто не биле изненадени од резултатите од ова истражување.

Фото: Freepik

[better-ads type='banner' banner='999' ]