Вообичаени и чести заблуди за АДХД

Верувањето дека АДХД е состојба во детството која може да се прерасне е една од многуте заблуди за оваа состојба

0
130

Вивијан Данстан открила дека има АДХД во зрелоста, а дијагнозата на нејзината ќерка со години претходно ја поттикнала да формира група за поддршка на АДХД во Австралија и да им помогне на луѓето кои се борат со оваа состојба.

„Се повеќе луѓе се дијагностицираат во зрелоста“, вели таа за Body + Soul. Кога родителите бараат дијагноза за своето дете и почнуваат да одговараат на прашања за симптомите, тие почнуваат да гледаат многу сличности во сопствениот живот и почнуваат да се прашуваат дали и тие имаат АДХД“.

Верувањето дека АДХД е состојба во детството која може да се прерасне е една од многуте заблуди, вели Данстан, па набројува уште некои од нив.

Секој со АДХД е хиперактивен.
Всушност, постојат три поткатегории на АДХД со различни симптоми.

Само момчињата имаат АДХД.
Во Австралија, 5,8 проценти од момчињата и 2,3 проценти од девојчињата се дијагностицирани со АДХД.

Тоа е само одраз на лошото воспитување.
Бидејќи АДХД е невролошка состојба, тоа не е физички очигледно за другите, па затоа неупатените често заклучуваат дека однесувањето на детето со АДХД е одраз на лошо воспитување.

Луѓето кои имаат АДХД не можат да се концентрираат.
На луѓето со АДХД им е многу потешко да го задржат својот фокус на секојдневните задачи. Меѓутоа, ако нешто го заинтригира, лицето со АДХД може да биде хиперфокусирано.

Сите имаат по малку АДХД.
АДХД е невробиолошка состојба која е хронична и доживотна и не ја имаат сите луѓе.

Фото: Unsplash

[better-ads type='banner' banner='999' ]