Една банана пред спиење, за мирна ноќ (ВИДЕО)

Мајка споделила трик со кој нејзиното дете ја преспива цела ноќ

0
170

И покрај тоа што за некои може да е полесно отколку за други, грижата за мало дете понекогаш е предизвикувачка и заморна, особено ако детето не сака да спие.

Ако ова е проблем со кој се соочувате, една мајка можеби има решение за вас. Извесна Алисон открила на ТикТок дека прегледала многу совети и трикови на други родители и го пронашла оној со кој нејзиното дете успева да ја преспие цела ноќ.

„Налетав на видео во кое велат дека на бебето треба да му се даде банана пред спиење, а потоа ќе спие цела ноќ. Секој што ме познава знае дека не сум преспала ниту една ноќ откако се породив. Кога наполни осум месеци, почнав да ѝ давам банана пред спиење и таа спие цела ноќ“, објаснила Алисон.

@agoyneee_xo

#parentinghacks #tricks #banana #toddlerlife

♬ original sound – Allison 👑

Видеото станало вирално и собрало над три милиони прегледи и повеќе од 243.000 лајкови. Многумина признале дека се толку очајни што дефинитивно ќе ја испробаат и оваа идеја, иако се скептични дека бананата има таква моќ.

„Бананите содржат магнезиум и калиум, овие минерали навистина можат да му помогнат на детето да спие подобро“, коментира едно лице.

Фото: Pixabay

[better-ads type='banner' banner='999' ]