Старата дебата заврши: дали разгалувате ако галите?

Ако го земете бебето секој пат кога плаче, дали ќе го разгалите? Дали може да има такво нешто како премногу галење и кои се последиците?

0
67

Сите новопечени родители барем еднаш слушнале добронамерен совет да не го земаат бебето веднаш штом ќе се расплаче, бидејќи тоа ќе го разгали. Од друга страна се оние кои тврдат дека ако галиш, не разгалуваш. Кој е во право? Сега го

Истражувањето спроведено на Американскиот универзитет во Нотр Дам покажува дека разгалените деца растат поздрави, помалку депресивни, пољубезни и со повеќе сочувство кон другите. Тие се уште попродуктивни во зрелоста. Психологот Дарсија Нарваез проучувала повеќе од 600 возрасни лица и заклучила дека оние кои биле галени како деца, прераснале во подобро прилагодени личности.

Студијата покажала дека, покрај гушкањето, детството полно со љубов, наклонетост и квалитетно време поминато со родителите, води и до поздрава возрасна личност која подобро се справува со стресот.

„Она што го прават родителите во првите неколку месеци влијае на понатамошниот развој на нивниот мозок. Бебињата очекуваат многу носење, допирање, нишкање“. На тој начин тие се развиваат подобро. Ако ги оставите да плачат, тие системи лесно ќе прејдат во стрес. Може да го видиме тоа кај возрасните, луѓето кои не добиле доволно внимание, реагираат полесно на стрес и потешко се смируваат“, објаснил психологот Дарсија Нарваез за KFOR.com.

Досега, имаше многу истражувања за влијанието на допирот и гушкањето кај предвремено родени бебиња, а сега се покажува и како добар рецепт за растење во здрава возрасна личност.

Фото: Freepik

[better-ads type='banner' banner='999' ]