Постои постапка што овозможува безбедна бременост дури и со ХИВ

„Со текот на годините, медицината напредуваше, така што денес постои постапка што ги изолира сите негативни и лоши „состојки“ од спермата за да се заштити мајката (или сурогат мајката) и бебето од пренос на ХИВ“, вели лекарот за плодност Бредфорд Колб за Си-Ен-Ен

0
97

Лекарот за плодност Бредфорд Колб за Си-Ен-Ен изјавил дека бременоста може да биде безбедна за ХИВ-позитивните лица и истакнува дека медицината открила посебна постапка за оплодување со која може да се изолираат сите негативни ефекти за детето.

„Со текот на годините, медицината напредуваше, така што денес постои постапка што ги изолира сите негативни и лоши „состојки“ од спермата за да се заштити мајката (или сурогат мајката) и бебето од пренос на ХИВ“, вели Колб. Во истражувањата имавме 300 бремени жени и немавме ниту еден случај на пренесување на вирусот ниту на (сурогат) мајката, ниту на детето“.

Д-р Колб објаснува како е можно да се изолира спермата од ХИВ затоа што самиот вирус не се наоѓа во спермата, туку во белите крвни клетки и течноста што се наоѓа во репродуктивните органи и природно се излачува со спермата.

„Исто така, мора да има одредена количина на вирус за да може да се пренесе, односно да биде доволно силен за да се реплицира на друго тело. Науката покажува дека во ејакулатот присуството на вирусот честопати не е доволно за да се залепи за јајце клетката, а потоа и за самиот ембрион“.

Бредфорд Колб нагласува дека сè додека паровите инфицирани со ХИВ ја поминуваат оваа постапка на изолирање на вирусот од ејакулатот, не постои можност за пренесување на ХИВ на мајката или детето и, со одредени мерки за време на бременоста, самата бременост ќе биде многу безбедна, без ризик од инфекција.

Секако, заклучува д-р Колб, луѓето заразени со ХИВ, со одредени дневни терапии, не можат да го пренесат вирусот на партнерот, дури и за време на интимен однос, а со самото тоа и на детето.

Фото: Pixabay

[better-ads type='banner' banner='999' ]