Машките деца и адолесцентите со најголем ризик од давење

Американската академија за педијатрија ги анализирала најновите истражувања за давење на децата. Ги идентификувале клучните трендови, како што е временската рамка кога се случуваат повеќето несреќи во вода и кои возрасни групи имаат најголем ризик да се удават.

0
134

Несреќи можат да се случат во секое време, на кое било место и на секого. Давењето најчесто се поврзува со базени, плажи, реки и езера, но кога станува збор за деца, тие се можни навистина насекаде.

Американската академија за педијатрија ги анализирала најновите истражувања за давење на децата. Ги идентификувале клучните трендови, како што е временската рамка кога се случуваат повеќето несреќи во вода и кои возрасни групи имаат најголем ризик да се удават.

Еве што вели извештајот објавен овој месец во списанието  Pediatrics.

Машките деца и адолесцентите се во најголем ризик од давење.
Давењето е водечка причина за ненамерна смрт на деца на возраст од една до четири години. Извештајот исто така открил дека околу 75% од сите деца и тинејџери кои умираат од давење се машки. Момчињата тинејџери имаат десет пати поголема веројатност да се удават отколку девојчињата.
Деца на возраст под две години имаат поголема веројатност да се удават во када или кофа отколку во базен. Експертите велат дека е важно да внимавате на малите деца кога се во када и секогаш да ги празните сите садови со вода по употребата.
Според извештајот, децата од предучилишна возраст се со поголема веројатност да се удават во базени.

„Овие деца се развојно љубопитни и ги привлекува водата, но не се свесни за нејзините опасности“, објаснуваат авторите.
Децата на возраст под пет години често реагираат неочекувано, а кога не се надгледуваат, се случуваат несреќи. Повторно, важно е да бидете сигурни дека сте ги испразниле сите садови со вода, дури и кадите, и да ги заградите и заклучите базените кога не се користат.
Децата со аутизам имаат зголемен ризик да се удават. Според извештајот, „студија од 2017 година покажала дека смртните случаи предизвикани од ненамерни повреди се скоро три пати поверојатни за сите луѓе со аутизам во споредба со општата популација“.
Поголемиот дел од смртните случаи (75%) кај деца на возраст под 15 години се јавуваат помеѓу мај и август. Одејќи уште подалеку, експертите велат дека и за тие несреќи има одреден пик во денот. Еден извештај открива дека пикот на денот е од 18 до 20 часот, а 75% од сите инциденти се случиле помеѓу пладне и 21 часот. Друг открил дека приближно половина од давењето се случило помеѓу 16 и 18 часот. Експертите велат дека овие временски рамки се совпаѓаат со најчестите времиња за капење, како и времето за вечера.
Во секој случај родителите треба да имаат на ум дека давењето се случува брзо и тивко. Надгледувајте ги своите деца во секое време и, ако можете, запишете ги на курс за пливање на рана возраст.

Фото: Unsplash

[better-ads type='banner' banner='999' ]