Современите родители започнуваат со развој на нивните малечки буквално од пелени, но се покажа дека тоа не е баш правилно. Многу е поважно добро да ги искористиме ресурсите што ги имаме. Психолингвист, невробиолог, професор на Државниот универзитет во Санкт Петербург, гостин предавач на американски и водечки западни универзитети, врвната научничка Татјана Владимировна Черниговска во своето предавање „Како да се научи мозокот да учи“ зборува за тоа зошто момчињата и девојчињата учат на различни начини и за тајните на процесот што го прават учењето полесно и поразбирливо.
Многу е важно децата да започнат да учат на време. Главната мака на денешното дете е во суетните родители. Кога ќе ми речат: „Почнав да го учам син ми да чита на две години“, одговарам: „Глупост!“ Зошто? На две години, тој не може да го стори тоа. Неговиот мозок не е подготвен за тоа. Ако го издресирате, се разбира, ќе чита, можеби дури и ќе пишува, но тоа не е нашата задача.
Брзината на развој кај децата е многу неизедначена. Постои термин „возраст на зрелост за училиште“. Станува збор за ова: едно дете има седум години, и друго дете има седум години, но едното оди на училиште затоа што мозокот му е подготвен за тоа, а другото треба уште една година да си игра дома со мечето и дури потоа да седне во училишната клупа.
Според официјалните податоци, повеќе од 40% од нашите деца имаат потешкотии со читањето и пишувањето кога ќе завршат четврто одделение. Дури и во седмо одделение има ученици кои слабо читаат. Кај ваквите деца целиот когнитивен капацитет на мозокот се троши на совладување на буквите. Затоа, дури и кога го чита текстот, детето не го разбира неговото значење и секое прашање поврзано со темата само го збунува.
Развивајте ја фината моторика
Пред нас е многу тешка задача: ние се наоѓаме на премин помеѓу човек што пишувал калиграфија и читал обични книги, и човек што чита хипертекст, воопшто не умее да пишува, дури и се помалку куца текстови, ракува со икони и симболи. Важно е да се разбере дека е тоа друг човек и дека тој има поинаков мозок. Нам, на возрасните, тој друг мозок ни се допаѓа и сигурни сме дека во тоа нема никаква опасност. Но, има. Ако мало дете, кога ќе тргне на училиште, не учи да пишува, практикувајќи фини, филигрански движења со моливот, ако не обликува ништо во градинка, не сече со ножици, не ниже монистра – остануваат неговите фини моторни вештини неразвиени. И токму тоа влијае на функцијата на говорот. Ако вашето дете не развие фини моторни вештини, немојте подоцна да се жалите дека не му работи мозокот.
Слушајте музика и научете ги децата да го прават тоа
Современата невронаука активно го проучува мозокот во моментот кога музиката делува на него. Сега знаеме дека кога музиката е присутна во рана возраст на развојот на човекот, тоа многу влијае на структурата и квалитетот на нервната мрежа. Кога го согледуваме говорот, се одвива многу сложена обработка на физичкиот сигнал. Децибели, интервали удираат во нашето уво, но сето тоа е физика. Увото слуша и мозокот слуша. Со учење музика, детето се навикнува да обрнува внимание на деталите, да разликува звуци и должини. Тогаш се формира најдобрата нервна мрежа.
Не му дозволувајте на мозокот да стане мрзлив
Не сите луѓе на нашата планета се генијалци. Ако детето има лоши гени, тогаш ништо не може да се стори. Но, дури и ако гените се добри, тоа не е доволно. Од бабата може да наследи одлично пијано Стајнвеј, но свирењето на него мора да се научи. Исто така, детето може да наследи брилијантен мозок, но ако не се развие, не се формира, не се полира, не се пегла – нема корист, ќе пропадне. Мозокот се скиселува ако нема когнитивно оптоварување. Ако легнете на креветот и лежите така шест месеци, веќе нема да можете да станете. Истото се случува и со мозокот.
„Мислам дека на сите им е јасно дека Шекспир, Моцарт, Пушкин, Бродски и други извонредни уметници паднале на единствениот државен завршен испит. Тие исто така би паднале на тестот за интелигенција. Што ни кажува тоа? Само тоа дека коефициентот на интелигенција не е важен, бидејќи никој што не го изгубил разумот не се сомнева во генијалноста на Моцарт. „Не подготвувајте ги децата само за приемен испит
Постои една карикатура која прикажува животни кои мораат да се искачат на дрво: мајмун, риба и слон. Различни суштества, од кои некои во принцип не можат да се искачат на дрво, сепак, тоа е токму сликата за она што ни го нуди современиот образовен систем во форма на предмет со кој особено се гордееме – Унифициран државен испит (комбинирана матура и приемен испит за факултетите во Русија на кои се полагаат 11 предмети. Бидејќи испитот е со екстремна сложеност, учениците се подготвуваат и по неколку години).
Сметам дека тоа е многу штетно. Се разбира, ако сакаме да подготвиме за живот луѓе кои ќе работат на фабричка лента, тогаш овој систем е секако погоден. Но, тогаш мора да кажеме: тоа е тоа, ставаме крај на развојот на нашата цивилизација. Ќе ја задржиме Венеција што е можно подолго за да не потоне, и не ни треба ништо ново, има доволно ремек-дела, нема каде да ги ставиме. Но, ако сакаме да одгледаме творци, тогаш овој систем е најлошиот што може да се замисли.
Учете ги момчињата и девојчињата на различни начини
Со момчињата се разговара кратко и конкретно. За да го покажат својот максимум, тие мора да бидат вклучени во енергични активности, тие едноставно не можат да седат мирни. Имаат толку многу енергија што најдоброто нешто што може да се направи е да се насочи кон мирен канал, да ѝ се даде вентил и тоа за време на часот. Не затворајте ги во тесен затворен простор, дајте им простор и можност за движење. Покрај тоа, на момчињата треба да им се дадат што е можно повеќе реални задачи, да се осмислуваат натпревари, а здодевни писмени задачи да им се даваат помалку, тие немаат никаква корист. И тие треба да бидат пофалени за секоја ситница. И еве уште еден интересен факт: се покажа дека момчињата треба да учат во постудени простории отколку девојчињата, во спротивно тие едноставно ќе заспијат на час.
Девојчињата сакаат да работат во група, им треба контакт. Тие се гледаат едни со други во очи и сакаат да му помагаат на наставникот. Ова е многу важно: девојчињата не треба да бидат заштитувани од падови и валкање, тие треба да знаат за „контролиран ризик“. Ако се најдат во ситуација да паднат, нека паднат и ќе научат да се справат следниот пат.
Раното учење е апсолутна глупост
Девојчињата не сакаат остри, гласни разговори, но им е потребна постојана емоционална вклученост, им се допаѓа светот на боите, па затоа училницата треба да биде разнобојна.
„Внимателниот индивидуален пристап може да направи одличен ученик од двојкаш. Не сите лоши ученици се навистина лоши ученици, некои од нив се Леонардо да Винчи, кој ќе пропадне засекогаш благодарение на брилијантните напори на неговите наставници“.
Правете паузи
Обично се смета дека ако детето заборави нешто во процесот на учење – не е добро, ако е расеано – не е добро, ако прави паузи – исто така не е добро, а ако заспие – тоа е кошмар. Ништо од ова не е точно. Сите овие паузи не се пречка за меморирање материјали и обработка на информации, туку напротив, паузирањето помага. Тоа му овозможува на мозокот да ги складира, да ги апсорбира примените информации. Најдоброто нешто што можеме да го направиме ако треба утре да научиме нешто итно е да го прочитаме веднаш и да си легнеме брзо. Главната работа на мозокот се одвива додека спиеме.
„За да стигнат информациите до долгорочната меморија, потребно е време и одредени хемиски процеси што се случуваат само во сон.
Постојан стрес затоа што нешто не сте стасале, нешто не ви тргнало од рака, повторно ви се поткраднала грешка, ништо не ви оди – тоа е најлошата работа што можете да си ја направите на себе. Нема потреба да се плашите од грешки. За да го олесните учењето, мора да разберете дека учењето се одвива секогаш, не само на работната маса. Ако некој седи на маса и се преправа дека учи, од тоа нема никаква корист.
Текстот е од ТУКА.
Фото: Freepik