Едно 11-годишно девојче во Велика Британија се породило и со тоа станало најмладата мајка во таа земја. Девојчето кое останало бремено на 10-годишна возраст се породило на почетокот на овој месец, во 30-та недела од бременоста, пишува The Sun.
„Ова е најмладата мајка за која некогаш сум чула. Тежината влијае на многу хормони. Децата денес се потешки, па затоа влегуваат во пубертет дури и порано”, рекла др. Керол Купер, а ја пренесува Њујорк пост.
Бременоста го запрепастила семејството на девојчето.
„Тоа беше голем шок за сите. Сега таа има стручна помош. Главно е дека таа и детето се добро”, тврди извор кој го познава семејството.
Социјалните служби и полицијата, наводно, го испитуваат случајот, пренесуваат британските медиуми.
„Загрижувачки е што луѓето не знаеја“, додава изворот.
Најмалата мајка во Велика Британија претходно беше Треса Мидлтон, која имаше 12 години кога се породи во 2006 година.
Фото: Pexels