11-годишно девојче стана најмладата мајка во Велика Британија

Девојче во Велика Британија кое забременило на 10-годишна возраст, се породило на почетокот на јуни, на 11-годишна возраст во 30-тата недела од бременоста

0
270

Едно 11-годишно девојче во Велика Британија се породило и со тоа станало најмладата мајка во таа земја. Девојчето кое останало бремено на 10-годишна возраст се породило на почетокот на овој месец, во 30-та недела од бременоста, пишува The Sun.

„Ова е најмладата мајка за која некогаш сум чула. Тежината влијае на многу хормони. Децата денес се потешки, па затоа влегуваат во пубертет дури и порано”, рекла др. Керол Купер, а ја пренесува Њујорк пост.

Бременоста го запрепастила семејството на девојчето.

„Тоа беше голем шок за сите. Сега таа има стручна помош. Главно е дека таа и детето се добро”, тврди извор кој го познава семејството.

Социјалните служби и полицијата, наводно, го испитуваат случајот, пренесуваат британските медиуми.

„Загрижувачки е што луѓето не знаеја“, додава изворот.

Најмалата мајка во Велика Британија претходно беше Треса Мидлтон, која имаше 12 години кога се породи во 2006 година.

Фото: Pexels

[better-ads type='banner' banner='999' ]