Татковците, особено оние кои ја покажуваат својата љубов, можат многу да придонесат за развојот и среќата на децата. Верувале или не, играњето со тато може да ги направи децата поинтелигентни и да им помогне на многу други начини.
И, зошто татковската љубов е корисна и многу потребна?
1. Децата на грижливи татковци имаат повисок коефициент на интелигенција
Според студијата спроведена од Ерин Пунет на Универзитетот Конкордија, татковците значително придонесуваат за когнитивниот развој на децата. И девојчињата и момчињата со грижливи татковци покажале повисок коефициент на интелигенција. Покрај тоа, девојчињата кои имале грижливи татковци покажале помалку емоционални нарушувања и тешкотии во однесувањето во предадолесцентните години.
2. Нивните ќерки се попаметни и поупорни
Татковците играат многу важна улога во образованието на своите ќерки. Според истражувањето, девојчињата кои имаат охрабрување од своите татковци, почесто работат работи што главно ги прават мажи. Покрај тоа, многу професионални спортисти им оддаваат почит на своите татковци кои ги поддржале на патот кон успехот и ја развиле нивната издржливост.
3. Нивните синови се држат настрана од лошо друштво
Татковците имаат значително влијание врз развојот на идентитетот и социјалните односи на детето. Деца од семејство без татко имаат три пати поголема веројатност да станат криминалци до 30 години. Исто така, се наведува дека повеќето членови на бандите потекнуваат од семејства без татко.
4. Нивните деца се поретко зависници
Се проценува дека повеќето пациенти кои страдаат од злоупотреба на дрога доаѓаат од домови без татковци.
5. Нивните деца се емотивно поинтелигентни
Гласната расправија помеѓу децата и татковците е всушност корисна. Д-р Ентони Т. Де Бенедет и Лоренс Коен сметаат дека ова значително ја зголемува самодовербата кај децата. Карајќи се, расправајќи се или забавувајќи се со своите татковци, децата учат подобро да сочувствуваат и да ги контролираат своите чувства.
6. Нивните деца имаат поголема самодоверба
Децата кои имаат топол однос со своите татковци обично стануваат самоуверени возрасни. Татковците често имаат улога на пријатели и советници кои ги водат своите деца на вистинскиот пат и им помагаат доколку е потребно.
Фото: Unsplash