Како последица од пандемијата може да се зголеми дебелината кај децата

Студија спроведена во 36 земји покажала дека скоро секое трето дете во европскиот регион на возраст меѓу шест и девет години страда од прекумерна тежина.

0
75

Европската канцеларија на Светската здравствена организација (СЗО) предупреди дека пандемијата на коронавирусот може да има непредвидливи последици, и може да резултира со зголемена дебелина кај децата.

Во извештајот на СЗО се вели дека затворањето на училиштата за време на карантинот може негативно да влијае на исхраната и физичката активност на децата, бидејќи тие немаат училишни оброци и училишни активности.

„Ковид-19 може да влоши еден од загрижувачките трендови во европската област на СЗО, а тоа е растечката инциденца на детска дебелина“, вели Ханс Клуге, регионален директор на СЗО за Европа.

Тој додава дека прекумерната тежина и дебелината подоцна се поврзани со опасни по живот болести, како што се кардиоваскуларни болести, дијабетес и рак.

За да се избегне негативното влијание на коронавирусот врз иднината на децата, Клуге повика на усвојување на научно засновани политики насочени кон промовирање на здрава исхрана и физичка активност, а притоа, меѓу останатото, мислел и на воведување данок на засладени пијалаци, се вели во извештајот.

Студија спроведена во 36 земји покажала дека скоро секое трето дете во европскиот регион на возраст меѓу шест и девет години страда од прекумерна тежина.

Студијата покажала дека состојбата е најтешка во земјите од Средоземјето, иако во последно време во некои земји состојбата постепено се подобрува, на пример во Грција, Италија, Португалија и Шпанија.

Фото: 08Freepik

[better-ads type='banner' banner='999' ]