5 вештини што секое дете треба да ги научи за да стане одговорна возрасна личност

Кога ќе се случи нешто неочекувано или лошо, дури и возрасните знаат да се исплашат и да се збунат, па не заборавајте да обрнете внимание на тоа дека еден ден треба да го подготвите вашето дете да знае како да постапува во итни случаи.

0
255

Многу луѓе кога ќе пораснат сфаќаат дека има одредени вештини што им недостасуваат и посакуваат нивните родители да ги научиле на нив кога биле помлади. За некои, ова се работи како независност и самодоверба. Другите би сакале да знаат повеќе за планирањето и градењето на кариерата, а има и други работи што би им биле навистина корисни на децата и кои би ги подготвиле за иднината уште од рана возраст.

1. Самоодбрана
Да знаете како да се одбраните е клучна вештина што треба да ја има секој возрасен човек, а таа им е потребна и на децата. На пример, доколку детето некогаш биде опкружено со насилници, учењето самоодбрана може да му даде поголема самодоверба и да го направи независен, знаејќи дека може сам да најде излез од тешката ситуација, без да бара помош.

Исто така, важно е да се напомене дека оваа самоодбрана не мора да мора да биде физичка. Децата можат да користат зборови за деескалација на конфликтот за да не дојде до физичка преметка. Важно е да се научи детето да биде вербално наметливо и да не му дава на насилникот емоционалната реакција што ја очекувал или едноставно да се оддалечи.

2. Употреба на прва помош
Секоја личност треба да знае како да користи прва помош, бидејќи оваа вештина буквално може да спаси нечиј живот. Сепак, важно е да знаете и како да ги лекувате полесните повреди. Можете да започнете со преглед на комплетот за прва помош и објаснување на вашето дете за што може да се користи секоја ставка во него. Можете дури да се преправате дека сте повредени и да побарате од вашето дете да ви помогне. Некои од најважните вештини за прва помош вклучуваат притисок врз раната за да се запре крварењето и да се знае како да се изврши реанимација или кардиопулмонарна реанимација што може да се практикува на кукли.

3. Реагирање за време на опасна ситуација
Кога ќе се случи нешто неочекувано или лошо, дури и возрасните знаат да се исплашат и да се збунат, па не заборавајте да обрнете внимание на тоа дека еден ден ќе треба да го подготвите вашето дете да знае како да постапува во итни случаи. Откако ќе го известите и научите како и што да прави во такви ситуации, тие можеби нема да изгледаат толку застрашувачки за нив и полесно ќе се справат ако некогаш бидат соочени со нив, особено подоцна, кога ќе пораснат.

4. Како правилно да управуваат со парите
Дури и кога децата се мали, тие можат да учат за управување со пари и буџет. Всушност, подобро е да започнете да ги учите пред да наполнат седум до десет години, бидејќи тогаш веќе се формирани паричните ставови и навики. Покажете им прво кованици, потоа хартиени пари, готовина и кредитни картички, објаснете им дека можат да купуваат со нив и, исто така, покажете им како да го сторат тоа кога одите заедно на шопинг. Откако ќе купите нешто, особено со кредитна картичка, можете да им ја дадете сметката за да видат колку пари потрошивте, пренесува Bright Side.

5. Како да донесува (правилни) одлуки
Природно е родителите да го сакаат најдоброто за своите деца и, според тоа, да се обидат да контролираат што е можно повеќе од животот на своето дете. Меѓутоа, ако секогаш одлучувате сè за нив, подоцна во животот може да им биде многу тешко да донесат свои одлуки. Значи, дури и кога се мали, децата треба да знаат да направат сопствен избор и да ги разберат последиците.

За да ги научите на ова, можете да земете некои од наједноставните работи како разговор и да ги замолите да изберат помеѓу две опции, а потоа заедно да направите список на добрите и лошите страни. За да им ја отежните задачата, можете дури и да ги прашате дали мислат дека постои подобра опција што не сте ја споменале. Уверете се дека тие разбираат што ќе се случи ако ја изберат едната или другата опција и како тоа ќе влијае на нив.

Фото: Pexels

[better-ads type='banner' banner='999' ]