Дали е потешко да се одгледува девојче или момче?

Дебатата дали е потешко да се воспитува девојче или момче е вечна тема меѓу родителите. Можеме ли конечно да одговориме на ова прашање? И што мислите вие на оваа тема?

0
292

Стереотипи или големи зрнца вистина? „Мислам дека родителите користат ‘што е потешко?’ како израз со оглед на моменталните фрустрации“, смета семејниот терапевт Мајкл Гуријан, додавајќи: „Воспитувањето девојчиња и момчиња е подеднакво тешко, секое на свој начин“.

Секое дете е различно, се разбира. Нејзината или неговата вродена личност се обликува додека се одвива животот. Околината (вклучувајќи не и нас, родителите) игра голема улога: „Постојат разлики во начинот на кој се однесуваме кон момчињата и девојчињата од самиот почеток“, вели Дејвид Стајн, професор по психологија на Универзитетот во Вирџинија во Питерсбург. „Имаме некои несвесни навики, како што е склоноста да зборуваме потивко со девојчињата или да ги фрламе момчињата повеќе во воздух“, вели д-р Стајн и продолжува: „Но, исто така е точно дека мозокот е различен кај девојчињата и кај момчињата. Растот се одвива со различна брзина што влијае на однесувањето“. Леонард Сакс, доктор и автор на ‘Boys Adrift’, смета дека родителите го разликуваат воспитувањето на девојчињата од воспитувањето на момчињата затоа што тие и самите се поинакви од самото раѓање“.

Значи, можеме ли конечно да одговориме на големата родителска дебата за тоа кој пол е потешко да се одгледа? Многу работи зависат од прашањата од типот на: што и кога?

Дисциплина: Момчиња

Зошто момчињата помалку слушаат? Излегува дека нивниот слух, уште од раѓање, не е добар како оној на девојчињата, а таа разлика се зголемува додека растат. Момчињата се исто така помалку вербални и импулсивни, што е особено видливо кај децата од градинка и предучилишна возраст. Д-р Гуријан вели: „Момчињата се повеќе тактилни суштества, што значи дека е поголема веројатноста дека ќе треба да ги кренете или да ги седнете кога не ве слушаат, додека девојчињата најверојатно ќе одговорат на вашите вербални предупредувања“.

Физичка безбедност: Момчиња

Експертите тврдат дека момчињата се побучни и поагресивни, и дека за нив, преземањето ризици го поттикнува задоволството. Многу родители сметаат дека на момчињата треба повеќе да се “внимава” и дека за нив треба почесто да се имаат подготвени фластери. Сепак, не би било лошо да ги охрабрите девојчињата да преземаат повеќе ризици и да им дозволите исти игри како на момчињата. „Овозможувањето на децата да истражуваат додека заработуваат неколку гребнатини или посекотини, гради карактер, самодоверба и отпорност“, вели д-р Венди Могел, авторка на книгата ‘The Blessing of a Skinned Knee’.

Комуникација: Прво момчињата, потоа девојчињата
Од раѓање, девојчињата се позаинтересирани за боите и текстурите, додека момчињата за движењата. „Овие разлики се забележуваат и кај детските цртежи, девојчињата повеќе користат посветли бои, додека момчињата повеќе избираат сина, црна и зелена“, вели д-р Сакс. Бидејќи девојчињата повеќе учат лица, тие се подобри во невербална комуникација, како изразите на лицето, но и подобро го разбираат тонот на гласот. Момчињата, не само што прозборуваат подоцна од девојчињата и имаат посиромашен вокабулар, исто така имаат проблем да ги поврзат чувствата со зборови.

Важна забелешка: Бидејќи момчињата одржуваат контакт со очите пократок временски период, многу родители се грижат за аутизмот, бидејќи тоа е еден од знаците. „Мајките не треба да се грижат, тоа е сосема нормално кај момчињата заради начинот на кој работат нивните мозоци“, вели д-р Гуријан. Меѓутоа, кога девојчињата ќе наполнат осум години, работите малку се менуваат. Почнуваат многу повеќе драма за тоа кој кому е лут, кој што рекол и зошто. Воспоставете отворена комуникација со вашата ќерка, за да знае дека може да дојде кај вас за совет.

Самопочитување: Девојки
Развивање на здрава слика за себе е најважно за сите деца. Но, експертите велат дека девојчињата растат како помалку самоуверени и понесигурни. „Ставањето на потребите на другите луѓе на прво место, игнорирањето на сопствените чувства и избегнувањето на грижата за себе, е културен притисок што најмногу ги погодува девојчињата“, вели Џен Берман, семејна терапевтка.

Сликата за себе е голем дел од самодовербата, и иако секако е дисфункција и кај момчињата и кај мажите, сепак е претежно женски проблем. Бидете свесни за пораките што ги пренесувате со сопственото тело, исхраната и вежбањето. „Многу пати негативната слика за телото кај девојчињата доаѓа директно од нивните мајки кои критички се гледаат во огледало и се жалат на своето тело“, вели Џен Берман, додавајќи: „Спортувањето е одличен начин за девојчињата да градат самодоверба и благодарност за нивните тела“.

Училиште: Најчесто момчиња

Момчињата и современото образование не се идилични партнери. Во претходните години, повеќето момчиња заостануваат зад девојчињата во развојот на внимание, самоконтрола, јазик и моторни вештини. Една од областите каде девојчињата се послаби, во однос на училишните проблеми, е просторна ориентација и геометрија. Девојките користат различни делови на мозокот за обработка на просторна перцепција.

Заклучок? Генерално, момчињата се чини дека бараат повеќе во порана возраст, додека девојчињата се секако покомплицирани во нивните пред-адолесцентни и пубертетски години.

Фото: Pexels

[better-ads type='banner' banner='999' ]