Нова студија ја истакнува користа од одложеното давање антибиотици на децата

Во мартовското издание на списанието Pediatrics, биле објавени резултатите од рандомизирана студија од Шпанија, во која е анализирано влијанието на одложеното давање на антибиотици кај деца поради респираторни инфекции.

0
893

Една од најтешките работи во медицината е да не се прави ништо. Ова е особено точно за педијатријата, во која малите пациенти добиваат вирусни инфекции во просек 6-8 пати годишно.

Во мартовското издание на списанието Pediatrics, биле објавени резултатите од рандомизирана студија од Шпанија, во која е анализирано влијанието на одложеното давање на антибиотици кај деца поради респираторни инфекции.

Неколку стотици деца кои страдале од инфекции на увото, болки во грлото, синузитис и бронхитис биле поделени во три групи. На првата група веднаш им биле препишани антибиотици, на втората група им биле препишани антибиотици, но на родителите им било кажано да им ги дадат на децата само доколку состојбата не се подобри за неколку дена, а на третата група воопшто не им биле препишани антибиотици. Резултатите покажале дека децата од сите три групи подеднакво брзо се опоравиле. Во втората и третата група, многу малку деца завршиле со употреба на антибиотик, додека децата од првата група го земале препишаниот антибиотик во 96% од случаите, и имале почести стомачни проблеми поради нивната употреба.

Американскиот Центар за превенција и контрола на болести смета дека скоро половина од пропишаните антибиотици се непотребни, и дека овој процент е уште поголем кај децата.

Воопшто не е лесно воздржувањето од препишување лекови на деца кои страдаат од инфекции на горниот респираторен тракт и затоа често се прибегнува кон антибиотици и кога нема основа за тоа. Американскиот портал Science based Medicine ги наведува главните причини за тоа:

Притисок од родителите / старателот

Некои родители не сакаат да ги прифаќаат фактите и имаат нереални очекувања и лошо разбирање за развојниот тек на вирусните инфекции кај децата. Тие може да се плашат дека нивното дете ќе страда, па дури и дека ќе умре ако не му бидат препишани антибиотици.

Дефанзивна медицина

Некои лекари препишуваат антибиотици, иако знаат дека не се потребни од страв да не бидат обвинети за небрежност.

Интелектуална мрзеливост

Некои лекари едноставно не се грижат премногу и гледаат да си го олеснат животот. Со тоа што веднаш ќе препишат антибиотик, тие избегнуваат непријатни разговори и објаснувања.

Страв од неизвесност

Што ако болеста се влоши? Што ако настинката прерасне во пневмонија? Некои лекари не се добри во справувањето со непредвидени компликации и ѝ подлегнуваат на својата преголема претпазливост.

Фото: Pexels

[better-ads type='banner' banner='999' ]