Одличен изум на еден татко кој го спречува нередот при хранењето

Ако ви здодеа да го чистите подот под детското столче за хранење, погледнете го генијалниот изум на еден татко ...

0
181

Хаосот и нередот што го прават децата при секој оброк е сосема нормален дел од секојдневјето на сите што имаат мали деца.

Кога им дозволуваме да се хранат самите тие развиваат фини моторни вештини. И додека ним им е многу забавно, дамките по теписите и sидовите и расфрланата храна по подот, како и постојаното собирање и чистење храна од подот, секако не се толку забавни за родителите.

Ова е проблемот со кој се соочил и овој татко кој измислил иновативен додаток за детското столче за јадење кој едноставно – ја фаќа храната! За Бред Коен, татко на малото девојче Маја, нередот бил најлошиот дел од хранењето на детето, но наместо да се жали, тој измислил како да го реши овој проблем.
Сопругата на Бред, Рејчел, вели дека овој пронајдок ги спасил!

„До првиот локдаун минатата година, Бред немаше претстава за што зборувам. Јас секогаш му велев дека треба да исчистам голема количина храна и дека сум постојано на раце и колена после хранењето“, вели таа, додавајќи: „Се обидувам да направам се храната да биде здрава, а потоа таа завршува на подот“.

Тогаш Бред дизајнирал и создал водоотпорна кутија и ја нарекол Catchy. Кутијата се вклопува околу нозете на столчето и ја фаќа храната што бебето ја фрла. Одлично е што можете безбедно да ја извадите од кутијата целата храна што ја фрлило бебето и да ја вратите во чинијата.

Можете да ја искористите оваа генијална идеја и да се обидете сами да направите слична алатка што ќе ви го олесни хранењето на вашето дете.

Фото: Maxresdefault

[better-ads type='banner' banner='999' ]