Кога имате деца, досетливоста е најважна. Можеби и вам ќе ви помогне некој од овие практични совети.
Мајките на социјалните мрежи имаат интересни решенија како да си го олеснат денот со детето. На пример, голема кутија и фломастер се интересно решение како вашето дете да се забавува само извесно време додека вие го правите ручекот или додека средувате низ дома. Детето е безбедно, а ѕидовите сочувани!
Нема мајка која барем еднаш не дошла во ситуација нејзиното дете да не сака да пие млеко. Но доколку го украсите со шарени перлички какви што се употребуваат за украсување на тортите или уште подобро, со оние витаминските, тешко дека ќе остане неиспиено.
Дали вашето дете троши цела ролна тоалетна хартија за само еден ден? Ова е идеално решение.
За да не пропуштите да му дадете на детето лек или пак да му дадете двојна доза, нацртајте табела на шишенцето и запишувајте го секое давање на дозата.
Ако вашето дете има проблем да одреди која му е лева а која десна патика, помогнете му со налепници кои меѓусебно се дополнуваат. Така ќе може да се облече правилно без ваша помош.
Нема подобар начин да го поттикнете детето да ви помогне од тоа да ја претворите работата во игра. Обележете со леплива лента квадрат на подот во кој ќе му кажете на детето да ги стави сите трошки од подот.