Швајцарските научници тврдат дека спермата има свој внатрешен часовник и дека е најмоќна во раните утрински часови. Откриле дека најдобро време за зачнување е во 7.30 часот наутро, а најдобрите месеци во годината за зачнување се март, април и мај. Тие тврдат дека спермата е во својата најздрава форма во текот на пролетта. Експертите од Универзитетот во Цирих анализирале примероци на сперма од 7068 мажи на возраст од 25 до 40 години кои биле подложени на третмани за плодност. Тие ја провериле концентрацијата на сперматозоидите, вкупниот број, прогресивната подвижност и морфологијата (форма и структура).
Според авторите на студијата, квалитетот на сперматозоидите собрани во раните утрински часови е со највисок квалитет, а оваа информација е исклучително корисна за подобрување на природната плодност, но и за зголемување на шансите за зачнување во третманите за плодност.
Тие исто така објасниле дека нивното истражување, објавено во научното списание Chronobiology International, открило дека концентрацијата на машката сперма е најголема во пролет – во март, април и мај, додека тие забележале значително намалување во текот на летото. Според нив, слабиот квалитет на спермата е главната причина за неможноста за зачнување кај многу парови.
Меѓу најчестите причини за машката неплодност се споменуваат парабените кои го намалуваат квалитетот на спермата. Парабени има во сапуните, кремите за сончање, козметика, лекови, детергенти итн.
Покрај тоа, научниците откриле дека парабените го менуваат обликот на спермата и нивната големина, правејќи ја абнормална, што е поврзано со неплодноста. Тие исто така ја менуваат ДНК во спермата и ја ограничуваат брзината на спермата, што заедно влијае на тешкотиите во зачнувањето. Сперматозоидите стануваат помалку подвижни и послаби се шансите да стигнат до јајце клетката и да ја оплодат. Парабени има насекаде околу нас.
Прилично е тешко да се избегнат парабените бидејќи тие се широко распространети, но можеме да се обидеме да го намалиме нивното влијание врз нашето тело користејќи само производи за кои е назначено дека не содржат парабени, препорачуваат експертите.
Спроведена е и студија која вклучувала примероци на урина од 315 мажи кои веќе посетиле клиника за плодност. Потоа била испитана количината на парабени во тие примероци. Резултатите покажале дека присуството на овие хемикалии е значително поврзано со неплодност. Еден вид парабен – бутилпарабен – се покажал како особено штетен за спермата, односно значително влијаел на нејзиниот квалитет.
Што се парабени? Тоа се широко користени конзерванси во козметичката индустрија, а ги има и во некои лекови, пестициди, пластика, детергенти, храна, играчки … Најчести форми се метилпарабен, пропилпарабен и бутилпарабен. Производителите понекогаш комбинираат парабени за да ја зголемат ефикасноста. Само некои од парабените се забранети во ЕУ, но се дозволени во други делови на светот. На пр. Администрацијата за храна и лекови на САД (ФДА) дозволува нивна употреба.
Фото: Pixabay