За идните татковци: Дознајте кои се најголемите непријатели на спермата и како да ја зајакнете

Ако планирате да имате семејство, тогаш ви треба здрава и жива сперма. За да имате здрава сперма, обрнете внимание на следните опасности, а ви посочуваме и четири начини за посилна, побрза и поквалитетна сперма.

0
316

Сѐ повеќе двојки денес се соочуват со проблеми со зачнувањето, а кај најмалку третина од нив, ова се должи на лошиот квалитет на спермата.

Ако планирате да имате семејство, тогаш ви треба здрава и жива сперма. За да имате здрава сперма, обрнете внимание на следните опасности.

Цигари
Не е тајна дека цигарите ѝ штетат на спермата. Докажано е дека квалитетот на спермата кај мажите кои редовно пушат е со послаб квалитет. Нивната сперма плива побавно и ги има значително помалку од нормалната количина.

Храна од конзерва
Во ред, не е штетна за спермата конзервираната храна, туку конзервите во кои е спакувана. Имено, лименките се обложени со БПА смола која штетно влијае на спермата. Особено се ризични конзервите со кисела храна.

Секси играчки
Одредена пластика што се користи во некои сексуални помагала е многу штетна за плодноста кај мажите, бидејќи содржи опасни состојки. Таквите материјали можат да го намалат и бројот и квалитетот на спермата.

Козметика
Многу шампони, сапуни, дезодоранси и креми за бричење содржат супстанции опасни за спермата. Изберете производи што не содржат фталати.

Стрес
Стресот е фатален за спермата. Особено лошо влијае на тестостеронот и го ослабува неговото производство. Со други зборови, постои опасен ризик за плодност кај мажите.

Алкохол

Докажано е дека алкохолот го нарушува производството на сперматозоиди и го намалува бројот на сперматозоиди.

Соја
Изофлавоните се наоѓаат во производите од соја, и тие честопати имитираат естроген. Затоа не делуваат добро на спермата.

Апстиненција
Долго време се веруваше дека воздржувањето од секс ќе ѝ помогне на спермата, но најновите истражувања покажуваат дека тоа е далеку од вистината. Точно е дека на спермата ѝ треба ден или два да се опорави, но воздржаноста може да предизвика промена во подвижноста на сперматозоидите и промена на обликот.

За квалитетот на спермата …

Според израелска студија, квалитетот на спермата се зголемува во зима и рана пролет, а за време на викендите, кога луѓето се најмалку под стрес, имате најголеми шанси за успех.

Ашок Агарвал, шеф на репродуктивна медицина во Кливленд, објаснува како 4 промени во животниот стил можат да ја подобрат вашата сперма и да ја направат подобра и посилна:

Избегнувајте слободни радикали

Речиси 90 проценти од просечната сперма на мажот може да биде премногу деформирана за воопшто да стаса до јајце клетката, а виновни за ова се слободните радикали.
Консумирањето храна богата со антиоксидансот ликопен е едно од можните решенија, велат научниците од Харвард.

За брзо закрепнување, можете да јадете сос од домати.

Вежбајте за да го зголемите вашиот број на сперматозоиди

Типична ејакулација може да содржи од 15 до 150 милиони сперматозоиди. „За да го зголемите бројот на вашите пливачи, треба да се потите дополнително надвор од спалната соба“, вели Агарвал.
Научниците од Харвард откриле дека мажите кои вежбаат имаат 33 проценти повеќе сперматозоиди отколку оние кои поминуваат малку време во теретана. Салата помага да согорувате маснотии притоа зголемувајќи ја количината на тестостерон.

Исклучете го телефонот и зголемете ја брзината на сперматозоидите

Вашите пливачи мора да го оплодат јајцето во рок од 12 до 14 часа, бидејќи тоа е оптималното време за зачнување, од моментот кога се формира. Сепак, ова може да зависи од брзината на пливање.

Затоа треба да ги спуштите паметните телефони, бидејќи истражувањето на клиниката Кливленд открило дека луѓето кои многу ги користат своите телефони имаат намалена подвижност на сперматозоидите. Електромагнетните бранови влијаат на нивната брзина.

Престанете да користите лубриканти

Вашата сперма треба да остане жива, а истражувањата покажаа дека лубрикантите кои се рекламираат како целосно природни може да содржат одредени хемикалии, кои се кисели или алкални и можат да ја отрујат и уништат вашата сперма.

Некои брендови можат да избришат дури 72 проценти од спермата за 30 минути.

Фото: Pixabay

[better-ads type='banner' banner='999' ]