Детски едукативни работилници „Со здрави навики до здрави бубрези“

Малку треба да направиме за да ги зачуваме здрави нашите бубрези.

0
406

Во средата започнаа едукативните работилници за деца на тема „Со здрави навики до здрави бубрези“. Организатор на овие работилници е Здружението на бубрежно болни граѓани „Нефрон“, кое, во соработка со „Ладна“, во оваа, прва, фаза од проектот, ќе се погрижи сите ученици од трето одделение од општините Центар, Чаир и Аеродром да добијат соодветна едукација за здрави навики кои ќе придонесат за зачувување на здравјето на бубрезите.

На овие работилници децата ќе имаат можност преку интерактивна презентација да се запознаат со функцијата и важноста на бубрезите за целокупното здравје на човекот, со ризиците од бубрежните заболувања, а ќе добијат и совети за превенција од заболувања. Секое дете ќе добие едукативна боенка поврзана со тематиката на работилницата, боички и шишенце „Ладна“ вода.

Ladna i Nefron 1 (1)
Планирано е работилниците во овие три општини да се одржуваат до крајот на годината, со што ќе се заокружи првата фаза од активностите на овој проект.

– Малку треба да направиме за да ги зачуваме здрави нашите бубрези. Треба да не се јаде солена храна и храна која содржи многу шеќери, да не се пијат газирани пијалаци, да се јаде многу овошје и зеленчук и да се пие многу вода. Треба да се спортува, да се вежба и да не се пушат цигари. Од исклучително значење е зголемување на свесноста на децата за овие совети уште од најрана возраст – велат од здружението „Нефрон“.

Бидејќи пиењето вода е од суштинско значење за здравјето на бубрезите, поддршката на ваквите настани е директно поврзанa со мисијата на „Ладна“. За сите заеднички активности, како и за распоредот на работилниците и за текот на проектот, повеќе информации ќе можете да најдете на Фејсбук-страницата на „Ладна“.

 

[better-ads type='banner' banner='999' ]