Булинг: Како да препознаете дека вашето дете некој го малтретира во училиште?

Булингот или врсничкото малтретирање се манифестира на различни начини, но децата се вешти во криењето на тој голем проблем. Во продолжение прочитајте кои знаци упатуваат на тоа дека вашето дете би можело да биде жртва на булинг.

0
1296

Булингот или врсничкото малтретирање се манифестира на различни начини, но децата се вешти во криењето на тој голем проблем. Во продолжение прочитајте кои знаци упатуваат на тоа дека вашето дете би можело да биде жртва на булинг.

  1. Чести главоболки и болки во стомакот

Ако лекарот потврдил дека не постои ниту една физичка причина за овие здравствени проблеми, нивна причина може да биде стресот коешто детето го доживува во училиштето. Главоболката и болката во стомакот често се лажни изговори за отсуствување во училиште кои децата ги употребуваат за да не мора повторно да се соочуваат со мачното малтретирање. Ако вашето дете секојдневно се жали поради овие проблеми, обидете се со разговор да дојдете до нивната вистинска причина.

2. Нагли промени во пријателските односи

Вашето дете одеднаш повеќе не се дружи со своето друштво. Ги избегнува пријателите, исклучено е од роденденските забави и сличните настани? Групното малтретирање, за жал, не е новост. Децата често се групираат и се свртуваат против една личност која потоа ја исфрлаат од своето друштво.

Детето тогаш станува мета на нивното малтретирање. Поврзете се со учителите и професорите за да дознаете повеќе за секојдневната динамика на односот во одделението. Тие најчесто први ги забележуваат овие промени. Зацврстувањето на односот со другите родители исто така може да помогне во правовременото воочување на булингот.

3. Одбива да оди во училиште

Кога децата се изложени на малтретирање тоа најчесто се случува во понеделник. По викендот поминат во сигурноста на сопствениот дом детето мора пак да се соочи со околината која го гуши и тоа често резултира со одбивање да се оди во училиште. За разлика од децата кои се само големи спијачи и би сакале уште малку да останат во креветот, децата изложени на булинг кога треба да одат во училиште реагираат многу емотивно и со голема доза на нервоза.

4. Интензивни емотивни реакции

На разговор за училиштетот или пријателите вашето дете се затвора или реагира со солзи и лутина? Ова е сигурен знак дека нешто го мачи. Избегнувањето на разговорот за училиште и интензивните реакции на таа тема навистина се „црвено знаме“.

5. Физички знаци

За жал, врсничкото малтретирање не е само вербално туку може да стане и физичко. Искината облека, необјасниви модринки на телото, украдени или уништени лични предмети можат да бидат случајност, но често се знак за булинг.

Ако ги забележите, обидете се мирно да разговарате со детето за да утврдите на кој начин дошло до тоа. Емотивната реакција на детето на оваа тема често ни зборува повеќе од зборови. Нервозата, обидите да се извади од ситуациајта, нелогичните објаснувања понекогаш се доказ дека детето само не ја предизвикало „незгодата“, туку дека некој друг е виновен за нив.

Фото: zadovoljna.dnevnik.hr/ Guliver/ThinkStock

 

[better-ads type='banner' banner='999' ]