Иако можеби мислите дека на тој начин ќе го заштитите бебето од сонцето или од топлината, никогаш не би смееле да ги покривате детските колички со ќебе, пелена или нешто слично. Експертите велат дека тоа може да има фатални последици!
Дури и многу тенкиот прекривач, како оној од проѕирен муслин, може драматично да ја зголеми температурата во количката и да го зголеми синдромот на ненадејна смрт кај бебињата.
Шведските истражувачи на чело со педијатарот Свант Норген, откриле дека покривачот од мислин или ќебенцето во голема мерка ја забавуваат циркулацијата и создаваат неподнослива жештина. Тие ги тестирале своите тврдења и откриле дека со покривањето на количката која е оставена на сонце, температурата за 15 степени е поголема од количките коишто не се покриени.
На родителите им се препорачува да не ги изнесуваат бебињата надвор помеѓу 11 и 17 часот и секако, никогаш да не ја покриваат количката.
Фото: www.bljesak.info