Гумен бонбон се залепил за белите дробови на детето, го спасиле во последен час!

Пионерскиот потфат на вадењето на растопениот гумен бонбон од бронхиите, каков што никогаш не е опишан во медицинската литература, неодамна е извршен на Клиниката за болести на уво, грло и нос ОРЛ при КБЦ во Сплит, пишува „Слободна Далмација“.

0
1604

Пионерскиот потфат на вадењето на растопениот гумен бонбон од бронхиите, каков што никогаш не е опишан во медицинската литература, неодамна е извршен на Клиниката за болести на уво, грло и нос ОРЛ при КБЦ во Сплит, пишува „Слободна Далмација“.

Гумениот бонбон можел да биде опасен за животот на седумгодишното момче од Задар на кое лекарите од КБЦ Сплит во текот на операцијата долга час и половина му ја отстраниле желатинската маса од десниот бронхиј.

Детето го изело бонбонот дури две или три недели пред да биде упатено во Сплит,  но, никој,  не знаел што, всушност, детето вдишало. Седумгодишното момче прво почнало да кашла, а потоа добило и температура од дури 40 степени. Лекарите во Задар му препишале антибиотик. Но, состојбата на детето станувала сè полоша, па го упатиле во сплитската болница. Му била направена рендгентска снимка, која покажала дека десното белодробно крило е целосно засенето. Лекарите се посомневале дека станува збор за туѓо тело. Дури тогаш сфатиле за каква сеирозна ситуација станува збор.

Операцијата под целосна анестезија ја извршил д-р Драшко Цикоевиќ со својот тим од ОРЛ, и тоа со досега никогаш изведена техника.

Прво направиле ригидна бронхоскопија, во текот на која воочиле желатинозна маса. Со штипалка отстраниле дел по дел, потоа масата од оддалечените делови на бронхиите ја отстраниле со лаважа (плакнење на стомак или желудник). Детето потоа почнало нормално да дише.

– Ваков случај никогаш не е забележан во медицинската литература. Три недели тој бонбон полека се топел. Гумената маса ги наполнила сите гранки на белите дробови. Како што се разгранувало, така слојот од почетниот дел кон терминалните гранки бил сè потенок. Со стандардни штипалки масата не можеше да се отстрани, па употребивме штипалки со поостри врвови и постепено отсекувавме дел по дел – рекол д-р Цвикојевиќ додавајќи дека туѓо тело во бронхиите е најчесто кај помалите деца и дека главно станува збор за јаткасти плодови (бадеми, лешници).

– Но, има и колбаси, парчиња жица, трева… Има сешто, но вака да се растопи, тоа сè уште не е видено – рекол докторот.
На лекарите многу им помогнале новите оптички штипалки, бидејќи со старите зафатот било невозможно да се изврши. Бронхоскопите ги воведувале десетина пати.

Според зборовите на д-р Цикоевиќ, ваков случај никогаш не е забележан во медицинската литература.

– Неколку недели по аспирацијата, гумениот бонбон целосно се растопил и го пополник десниот бронхиј од почетниот дел се до терминалните гранки, така што се создала густа, леплива маса како гума – рекол Цикоевиќ.

[better-ads type='banner' banner='999' ]