Една неодамнешна студија открива дека мажите се претвораат во своите татковци откако ќе наполнат 37 години. Сега е спроведена уште една анкета помеѓу 2.000 Американци која открива дека мажите почнале повеќе да ги ценат своите татковци за време на пандемијата со коронавирус, па оваа година како подарок за Денот на таткото, планираат да издвојат, во просек, 100 долари.
Еден од десет се подготвени да дадат и повеќе од 200 долари, а четири од десет ќе се обидат да најдат практичен подарок како што се алати или чорапи.
Но, кога татковците биле запрашани што навистина сакаат, еве кои биле нивните одговори:
– ладно пиво (36 проценти)
– сочен бифтек (35 проценти)
– чаша виски (31 процент)
– телефонски повик од семејството (31 процент)
– мир и тишина (30 проценти)
– скап подарок, на пр. паметен телефон (26%)
– да гледаат телевизија кога сакаат (24 проценти)
– да бидат сами (23 проценти)
– да го преспијат денот (23 проценти)
– да гледаат спортски натпревари на телевизија (22 проценти)
– поевтин, но практичен подарок, на пр. алати или чорапи (21 процент).
Денот на таткото го слави татковството и влијанието на татковците во општеството. Во 52 земји ширум светот, се одбележува во третата недела на јуни, а Хрватите и Италијанците го слават на 19 март, на денот на Св. Јосип, таткото на Исус.
Фото: Pixabey