Девојче кое се труди да ја увери мајка си дека ѝ се допаѓа оброкот насмеало 5 милиони луѓе

Постојат деца кои со сите сили се трудат да не ги повредат чувствата на своите мајки и татковци и да ја изџвакаат храната што им ја подготвиле, дури и кога таа воопшсто не им се допаѓа. Едно од нив е и девојчето од видеото.

0
901

Кога сте родител еден од најголемите предизвици е да направите јадење кое често пребирливите деца ќе го изедат без проблем и без приговори. Меѓутоа, постојат деца кои со сите сили се трудат да не ги повредат чувствата на своите мајки и татковци, дури и кога тие не се баш добри готвачи. Едно од нив е и девојчето од видеото.

Во смешното видео кое кружи на интернет оваа недела, тогаш 4-годишната Пајпер се обидува да не се забележи дека не ѝ се допаѓа готвењето на нејзината мајка. Иако неубедливо.

Ени Вилкинс го објавила видео од нејзината сега веќе 7-годишна ќерка, додека таа се обидува да не покаже дека повеќе не ужива во дотогаш омилени шпагети болоњезе.

Изгледа дека вкусот на Пајпер се сменил преку ноќ, затоа што она што некогаш било нејзино омилено јадење, едвај го јаде обидувајќи се да не ги повреди чувствата на мама!

Снимката е споделена на Твитер и ја прегледале повеќе од 5 милиони луѓе.

Фото: Твитер

[better-ads type='banner' banner='999' ]