Заедно со вас да ги направиме децата посреќни

Здружението АН–БЛОК од Скопје, преку онлајн активности им овозможува на децата во малите групни домови и згрижувачките семејства при Детскиот дом „11 Октомври“ ефективно, едукативно и рекреативно користење на слободното време. Помеѓу другите, дел од овој проект е и актерката Елизабета Клинчаревска Младеновска која преку онлајн едукативна презентација им ја приближува на овие деца областа на театарската и филмската уметност.

0
328

Здружението на граѓани за култура и уметност АН-БЛОК Скопје традиционално, од 1998. година го реализира проектот „Заедно со Вас да ги направиме децата среќни” кој има значење од областа на здравствената заштита, економско, психосоцијално, образовно и културолошко, во Клиниката за детски болести во Скопје.

Интересот за реализирање на проектните активности во рамките на овој проект, велат од здружението, е сѐ поголем затоа што опфаќа широк спектар од сите сфери на општественото живеење. За реализација на проектот пројавиле интерес многу институции каде има ранлива категорија деца. Оваа година здружението АН–БЛОК го насочило вниманието кон деца кои се згрижени во сите мали групни домови и згрижувачки семејства при Ј.У. Детски дом „11 Октомври“, како и кон вработените во нив.

Генерална цел на проектот е градење самодоверба и инкорпорирање во општествениот живот, а во овие услови на пандемија истиот се реализира онлајн со што на децата им е овозможено ефективно, едукативно и рекреативно користење на слободното време.

Во рамките на проектот кој финансиски е поддржан од Град Скопје, а во организација на Поликсена Илиоска, претседател на здружението АН-БЛОК и професор по одделенска настава и педагог, се реализираат следните активности:

1.Социјална едукација и грање на позитивен однос кон непосредната околина: „Моите миланичиња“. Автор:Данче Раевска, професор по правни науки.

2.Значењето на личната хигиена:„Личната хигиена најдобар пријател мој“.

Автор: Маја Димковска, професор по одделенска настава.

3.Психосоцијална поддршка наменета за деца без родители сместени во мали групи домови и згрижувачки семејства при Домот за деца без родители „11 Октомври“ во Скопје.

Автор: Мирослав Пендароски, Проф. д-р. психолог, псхихотерапевт.

4.Психосоцијална поддршка наменета за лица кои работат со деца без родители во мали групи домови и згрижувачки семејства при Домот за деца без родители „11 Октомври“ во Скопје.

Автор: Мирослав Пендароски, Проф. д-р. психолог, псхихотерапевт.

5.Здравствена едукација за усвојување на практични животни вештини.

Автор: Елена Шукарова, Проф. д-р. ендокринолог генетичар.

6.Последици од примена на несоодветен начин на исхрана.

Автор: Елена Шукарова, Проф. д-р. ендокринолог генетичар.

7.Правилна исхрана кај деца на предучилишна возраст.

Автор: Александра Јовановска, Асс. м-р. специјалист педијатар.

8.Правилна исхрана кај деца на училишна возраст.

Автор: Александра Јовановска, Асс. м-р. специјалист педијатар.

9.Едукативна презентација – Вовед во театарската и филмската уметност и презентирање на македонската народна приказна: „Ако ти е судено и царски зет ќе се сториш“.

Автор: Елизабета Клинчаревска Младеновска, актер.

10.Презентација на театарската  претставата:„Солта поскапа од злато“.

Автор: Елизабета Клинчаревска Младеновска, актер.

11.Културите во Република Северана Македонија:„Кај нас празникот вака се одбележува“.

Автор: Д-р. Снежана Петреска, професор по одделенска настава.

12.Колективна хигиена.

Автор: Д-р. Снежана Петреска, професор по одделенска настава.

13.Ликовна едукативна работилница:„Спектар на бои“.

Автор: Оливара Костадинова, професор по техничко образование.

14.Ликовна едукативна работилница: „Изработка на оригами“.

Автор: Оливара Костадинова, професор по техничко образование.

15.Донирање средства за лична и колективна хигиена. Поликсена Илиоска.

[better-ads type='banner' banner='999' ]