Коронавирус: Дали децата треба да носат маски за лице?

Мислењата околу ова се поделени, а родителите не се сигурни дали треба да ги применат истите правила и за децата.

0
317

Mногумина, од претпазливост, во последните неколку недели не излегуваат од дома без маска за лице. Мислењата се поделени околу тоа дали ова има ефект, а родителите не се сигурни дали треба да ги применат истите правила за децата. Еве ги одговорите на некои од најчестите прашања.

  1. Дали бебињата треба да носат маски?

Не, децата помлади од две години не треба да носат маски затоа што тие можат да го зголемат ризикот од гушење, наведува американскиот Центар за контрола и превенција на болести (CDC).

„Лицето на дете под две години не треба да биде покриено со ткаенина, како ни било кој што има потешкотии во дишењето или не е при свест“, пишува на нивната веб страница.

  1. Дали децата треба да носат маски кога излегуваат од куќата?

Тоа зависи. Ако детето над две години е излезено во дворот, маска не е неопходна, но ако го носите со себе кога одите во набавки, тогаш се препорачува.

„Целта на маската не е да се заштити лицето што го носи, туку да се спречи вирусот да се шири од носителот на другите“, се наведува во упатството на ЦДЦ.

Децата не ги поднесуваат тешко симптомите на коронавирусот како некои возрасни лица, но можат да бидат преносители на болеста, а да не знаат за тоа. Затоа најдобра заштита за децата и заедницата е да останат дома, но ако веќе мора да излезете, паметно е да земете маска за лице.

Фото: Unsplash

[better-ads type='banner' banner='999' ]