Како да знаете дали вашето дете веќе внесло доволно храна?

Правилната исхрана е од суштинска важност, особено во детството, бидејќи се поврзува со развојот на мозокот, па дури и со менталната стабилност на детето.

0
1840

Правилната исхрана е од суштинска важност, особено во детството, бидејќи се поврзува со развојот на мозокот, па дури и со менталната стабилност на детето. Затоа, премногу малиот внес на храна може да доведе до тоа детето да биде неухрането. Од друга страна, премногу храна може да биде причина за рано настанување на дебелина во детството.

Како да знаете дека вашето дете веќе внесло доволно храна? Во извештајот на порталот „New Parent“  се наведува дека стручњаците се согласни дека бебињата, малите деца и децата во предучилишна возраст – знаат најдобро.

– Децата не треба да ги учите колку да јадат. Но, мора да ги поддржите покажувајќи им како да го препознаат чувството на глад и ситост така што ќе ги храните кога ќе огладнат и ќе им дозволувате да престанат да јадат кога ќе укажат на чувството на ситост – напишала Ајлин Бијан, регистриран диететичар, автор на книгата „Библија храна за бебињата“.

Ако некогаш сте ги провериле податоците за хранливите вредности на етикетите на преработената храна што ја купувате, сте виделе дека податоците за калориските и хранливите вредности се засноваат на исхраната од 2.000 калории. Иако вие можеби можете да ја изедете предложената големина на порцијата до крајот, истата порција можеби нема да биде адекватна за вашите деца. Имајте на ум дека калориските потреби на вашето дете се многу различни од вашите.

Обрнете внимание на тоа дека на помалите деца им се потребни мали, а чести оброци. Бебињата, на пример, брзо се заситуваат. Тие имаат мали желудници така што можат брзо да се заситат. Тоа значи дека ако детето ја сврти главата, тоа веќе е сито и затоа немојте да го принудувате да изеде уште една лажица од храната. 

Наместо тоа, хранете ги кога ќе покажат знаци на глад и престанете со хранењето кога ќе ја свртат главата. Како што детето расте, ќе почне да јаде повеќе и ќе се продолжува времето помеѓу хранењето додека, на крајот, детето нема да може да се храни во редовните термини за оброците.

Големината на порциите се разликува во зависност од возраста на вашето дете, но имајте на ум дека тоа не е единствен фактор кој треба да го разгледате. Како што е напоменато на порталот „Healthy Children“, возраста, апетитот и активноста уграат улога во одредувањето на адекватните порции кои треба да им се послужат на децата.

За да обезбедите детето да ја добива исхраната што му е потребна, изнесете на неговата маса здрава храна, наместо да го храните со шеќер и празни калории.

Фото: www.detinjarije.com

[better-ads type='banner' banner='999' ]