Мојот татко е мојот херој

Токму ова стои на профилот на фејсбук страната „Одговорен татко“ која ја отворија група млади татковци како дел од нивната иницијатива за зголемување на свесноста кај татковците за нивната улога во развојот на детето.

0
461

Група млади татковци започнаа иницијатива за зголемување на свесноста кај татковците за нивната улога во развојот на детето. Отворија фан страна на социјалната мрежа „Фејсбук“ наречена „Одговорен татко“, како интернет платформа која има за цел да ја зголеми свесноста за поимот „одговорно татковство“.

Фан страната ќе претставува место каде секојдневно ќе се споделуваат едукативни содржини, реални ситуации со кои се соочуваат татковците, проблеми, решенија, совети од стручни лица но главен акцент ќе биде ставен на размената на искуствата на татковците во 21 век и нивната улога кога станува збор за децата.

Од тимот на иницијативата повикуваат: „Татковци, ајде да направиме социјална револуција и да им покажеме на сите колку сме и ние посветени на растот и развојот на нашите деца.

Посебно внимание посветуваат на глобализациските трендови и родовата еднаквост, која во ова комплицирано општество и борба за егзистенција има потреба од еднаква поделба на обврските дома, надвор од дома, на работа итн.

Иницијативата има за крајна цел да докаже дека во нашата држава „татко“ станува една одговорна улога која по добивањето на детето му дава поинаква смисла на животот на сите чинители на едно среќно и задоволно семејство.

Изразуваат надеж дека оваа иницијатива, по обезбедување соодветни финансиски средства ќе прерасне во вистинска онлајн и офлајн револуција, која ќе придонесе да се слушне гласот на таткото.
Фото: Pixabey
[better-ads type='banner' banner='999' ]