Истражувањата покажуваат дека денешните татковци се повеќе од кога и да е, вклучени во грижата за децата и тоа го менува начинот на кој децата го доживуваат светот и себеси.
Современите татковци сериозно го сфаќаат родителството, поминуваат со своите деца три пати повеќе време во однос на мажите од претходните две генерации и многу повеќе работат во текот на тоа време. Истражувањата спроведени во 1982. Потврдуваат дека 43 отсто од татковците никогаш не менувале пелени.
Денеска тој број е намален на три отсто што е исклучително важно затоа што покажало дека кога татковците менуваат пелени, ги облекуваат и ги бањаат своите деца нивниот однос станува посилен.
„Бев со семејството на вечера, а бидејќи како татко сум многу вклучен во грижата за бебето, ѝ кажав на жена ми дека јас ќе му ја сменам пелената на нашиот син. Влегов во тоалет и воопшто не помислив дека таму нема да има маса за менување пелени“, вели таткото на двајца синови, Скоти Шриер.
Но, во тој ресторан немало маса за превивање во машкиот тоалет, а Шриер забележал дека повеќето машки тоалети не се опремени за да ги исполнат потребите на модерните татковци.
„Бидејќи сите мислат дека е тоа женска работа, а не е. Тоа е работа на мајката и на таткото, обајцата сме родители“, рекол тој.
Поради тоа го почнал блогот ‘Dads Who Change Diapers‘, кадешто нуди интерактивна мапа на која татковците можат да пронајдат места кои имаат маси за превивање на бебињата и ги повикал татковците на бојкот на местата кои ги немаат.
И актерот Ештон Кучер го раскажал своето искуство со овој проблем, а минатата година на местото кое имало маса за превивање на бебиња во машкиот тоалет – бесплатна реклама на својот Фејсбук профил.
Ива Брчиќ, еукаторка на програмата ‘The Happiest Baby’ светски познатиот експерт д-р Харви Карп, објаснува дека во денешното друштво кога веќе нема големи семејства кадешто сите меѓусебно се грижат за децата, татковците им се често единствена помош на мајките.
Но тие повеќе не се само набљудувачи, туку се тука во скеој период од животот на бебето. Но вели Карп, мајките често потсвесно ги оттурнуваат татковците од себе и непотребно се оптоваруваат.
„Сигурно барем еднаш сте слушнале дека таткото спие на каучот, за да се наспие затоа што следниот ден мора да оди на работа. Секако дека мајките го прават тоа добронамерно и само сакаат да ги поштедат од непроспиени ноќи, но тука почнуваат проблемите. Бебето го поистоветува доењето и мајката со спиењето и никој не може да го спир освен таа. А за тоа време мајките не се ни свесни дека дома имаат вистински експерт за смирување на малечкото.
Кога станува збор за односот со бебето, мајките се многу нежни и благи, а вистина е дека вознемиреното бебе сака да почувствува енергичност и цврст допир од родителите. Тоа му влева доверба и му дава чувство на безбедност. Сетете се само каков впечаток ви остава личност со цврст стисок на раката. Сигурно ви делува како личност полна со самодоверба и дава впечаток на личност која знае што прави“, објаснува таа.
Кој го чува бебето? Вашиот маж?
Веројатно секоја мајка ја слушнала оваа реченица кога била некаде сама, без бебето. Но, татковците не „чуваат“ деца, татковците се татковци. Никој нема да ја праша жената дали ги чува своите деца затоа што знаат дека е таа нивна мајка и дека се грижи за нив. Поради ваквиот однос кон татковците, организацијата National At-Home Dad Network направила маици на кои е напишан текстот: „Татковците не чуваат деца. Тоа се вика родителство“ и „Мојот татко не ме чува. Тоа се вика родителство“, а нивната акција се проширила на Интернет кадешто имаат голема поддршка.
„Помогнете ни да ја рашириме пораката дека татковците не можат да ги чуваат своите сопствени деца. Ако таткото се грижи за децата, тоа се вика родителство“, порачуваат од организацијата.
„Задоволни сме со реакцијата на овие маици, а уште повеќе на пораката која тие ја носат. Зборовите се важни, а сметаме дека ако кон татковците се има однос како да тие само ги „чуваат“ своите деца, тоа само го поттикнува убедувањето дека се татковците на друго место и дека грижата за децата е примарно работа на мајката“, рекол Крис Рутли, претседател на организацијата.
Фото: Pixabey