Колку вработената мајка може, воопшто, да поминува време со децата?

Мајките се нервозни, изморени, фрустирани. Често нивните улоги се наоѓаат во рекламите за таблети за опуштање или во препаратите кои даваат енергија.

0
1476

Едноставната пресметка која ја направила мајката на двете мали деца Дајана Шипрага, покажала колку часа дневно мајките коишто работат поминуваат со своите деца (покрај сите среќни околности)…

Мајката работи осум часа ако е баш среќница. Од 7-8 до 15-16 часа. Ако е баш среќница, нема да потроши повеќе од половина час на патот од работа до дома.

Ако детето е во градинка, го зема детето од градинката, таа или таткото и дури тогаш одат дома.

Многу веројатно ќе подготвува ручек ако претходната вечер тоа не го направила за следниот ден. Можно е тоа да го направил и таткото, мајката на мајката, некој во некој ресторан, понекогаш. Ако не, детето во текот на подготвувањето се тегне за ногата на мајката. Бара внимание.

Жените немаат шанси во општество во кое се работи 24/7

Мајката прави ручек или го подгрејува. Веќе поминало околу час – час и половина од завршувањето на работното време, а мајката штотуку се вклучува во погон. Од бањата/спалната соба/просторијата која ја расчистува додека ручекот се приготвува, го кара детето да не допира нешто или да престане со нешто.

Сите јадат. Треба да се кренат садовите од масата, да се среди облеката, уште нешто во градот да се заврши…

Таткото несебично го презема својот дел од работата на оваа среќна мајка.

Веќе е вечер. Детето се подготвува за спиење. Се бања, малку галење и повторно со истата програма следниот ден.

Во просек, таква е саатницата со евентуални варијации на темата.

Мајката на располагање има околу осум будни часови да биде со своето дете, да се занимава со обврските (во кои спаѓаат и посетите на пријателите со децата, бидејќи и тие се темпирани, со планови), да поминува време со таткото, со својот некогашен партнер, можеби да се посвети себеси и ако баш, баш има среќа да се одмори.

Времето поминато само со детето е многу кратко. Спроведете го експериментот – обидете се сами да видите кој е вашиот просек во текот на работната недела. Не сметајте го времето на хранење и капење.

Што велат децата?

Истражувањата велат дека отсуството на мајката, односно на двајцата родители, поради работата не му штети на развојот на детето. Ова не се однесува ако мајките одат на работа пред бебето да наполни една година и потребно е детето да живее со двајцата родители чија работна недела не надминува или се движи околу 40 часа.

Зошто жените не можат да имаат се?

Прашањето се поставува кој го финансирал истражувањето, бидејќи моето досегашно искуство со истражувањата вели дека на исходот од истражувањата и тоа како влијае оној којшто ги плаќа. Ова сега не е тема, но не е лошо ова да го имате на ум.

Што велат мајките?

Мајките се нервозни, изморени, фрустирани. Често нивните улоги се наоѓаат во рекламите за таблети за опуштање или во препаратите кои даваат енергија. Главно чувствуваат вина и немоќ. Некои истражувања потврдуваат дека мајките го жртвуваат времето за себе и времето за спиење за да успеат да ги избалансираат обврските и семејството. Потврдиле мајките. Каде е мајката? Ја нема мајката.

Како стојат работите во другите земји?

Податоците од поразвиените земји велат:

Ирска – 2,5 часа
Австралија – 2 часа и 17 минути
Велика Британија – 1 час и 21 минута
Јапонија – 53 минути
Северна Кореја – 31 минута мајките поминуваат со своето дете.

Психолозите велат дека родителите треба повеќе да се фокусират на квалитетот,  не на квантитетот на поминатото време со детето. Ги прашувам јас нив – што може да се постигне за половина час дневно?

Како е кај вас? Дали чувствувате дека поминувате доволно време со вашето дете?

Факт е дека денот нема да се продолжи туку само нашите деца ќе пораснат, а ние ќе полудиме уште повеќе… освен, освен ако не ги реорганизираме приоритетите.

Да го направиме тоа паметно и навреме.

[better-ads type='banner' banner='999' ]