4 техники што треба да ги примените кога посетувате бебе

Потрудете се максимално да им го олесните на новопечените родители вашето доаѓање

0
1479

Сите знаеме дека првата посета на бебето е чувствително подрачје. Ненајавени гости кои очекуваат новопечената мајка да ги забавува, гости кои не си ги мијат рацете и оние кои не знаат да си одат дома…

Како да станете пожелен и добредојден гостин кој неа да го критикуваат зад грб и за кој нема да се надеваат дека нема да дојде додека не тргне бебето на факултет? Со овие четири техники кои треба да ги примените при посетата, сите воодушевено е ве дочекаат:

Понесете си храна

Замислете колку прекрасно изненадување за тазе родителите. Особено кога веројатно немаат време да ви подготват некоја гозба, а можеби и се оптоваруваат дали ќе можат доволно добро да ве пречекаат. Изненадете ги со тоа што ќе им донесете подготвена храна, кафе, колачи од слаткарница и уживајте заедно во вкусниот ручек.

Не оставајте неред

Нема подобар гостин од оној посе кој не треба да се чисти два саати. Потрудете се откако е си одите ништо да не сведочи за вашата посета. Остатоците од храна, хартиените чиниии, чаши и останатиот прибор што сте го донеле, земете ги со вас и фрлете ги во кантата за отпадоци. Ако сте донеле некој подарок, фрллете ја и неговата амбалажа.

Не ја заборавајте мајката

Секако дека бебето е во центарот на вниманието и во ти моменти мајката паѓа во втор план, па малкумина се сеќаваат да ја прашаат како е и како се чувствува.

Посветете ѝ внимание на мајката и на нејзините чувства и сетете се и неа да ѝ донесете некој мал подарок.

Ограничете го времето за посета

И кога немате деца сигурно не сакате некој да ви заседне на кафе кое ќе потрае пет саати. Кога се тука и децата, сзитуаијата е уште почувствителна затоа што децата си имаат своја рутина – хранење, бањање, заспивање…

Значи кога ќе навратите да го видите бебето, доволно е да се задржите отприлика еден час.

[better-ads type='banner' banner='999' ]