Кога станува збор за хранење на бебињата, нема фамозни 10 совети кои секоја мајка ќе ги испринта, запише, ќе ги закачи на фрижидерот и ќе се придржува кон нив. Во претходниот текст ви дадовме листа од намирници кои би било добро да му ги давате на вашето бебе во првата година од животот, а сега ви даваме листа од намирници кои треба да ги избегнувате.
Кравјо млеко
Бебињата едноставно се уште не можат да го сварат млекото и според препораката на стручњаците не е добро да им се дава на бебињата додека не наполнат една година.
Ореви и кикирики
Можете постепено да воведете помала количина на кремав путер од кикирики кога бевето ќе наполни една година такашто ќе нанесете тенок слој од путер од кикирики на бекое бисквитче за деца но секако избегнувајте да му давате на бебето јаткасти плодови заради можност од гушење.
Мед
Ако дојдовте во искушение пирето од круши на вашето бебе да го заблажите со мед, никако не го правете тоа. Медот води кон детски ботулизам, болест која може дса е смртоносна за бебето. Стомачето на бебето не може да ги уништи спорите на ботулин кои можат да се наоѓаат во медот па затоа избегнувајте го медот додека бебето не наполни една година.