15 работи по кои копнеат трудниците

0
2189

Бременоста е друга состојба во кое телото се менува. Но, освен физичките промени, трудниците многу брзо почнуваат да гичувствуваат и оние психичките кои се однесуваат на промените на расположението, но и копнежот по храна. Ви донесуваме листа на најчести, но и најнеобични копнежи по храна во текот на бременоста.

Бременоста со себе носи бројни промени. Најнеобичен ефект кој го истакнуваат бројни трудници е силната потреба по одреден продукт на кој пред бременоста можеби никогаш не би помислиле.

Направена е опширна анкета во која мајките требало да напишат листа на продукти по кои, во текот на бременоста, најмногу копнееле. Иако трудничките желби навистина се различни и често малку необични, некои одговори често се повторувале.

Истражувањето покажало дека жените во бременоста најчесто копнеат по интензивни вкусови па така слатките и солените продукти се нашле на првото место. Веднаш зад нив се интензивните, многу кисели вкусови, а најздравиот и трет по ред е копнеж во бременоста се однесува на овошјето.
АНКЕТА

Во бременоста најмногу сакав да јадам

Слатко
Солено
Кисело
Мрсно

Погледнете ги резултатите:
Топ слатки продукти по кои копнеат трудниците

1. Чооколада и нејзините бројни верзии (чоколадни напивки, колачи, кроасани…)
2. Сладолед – без оглед на периодот од годината
3. Јагоди – свежи, во колачи, торти, мармелади и слични деликатеси од јагоди
4. Кафе
5 Фрапе

Топ 5 солени и кисели продукти по кои копнеат трудниците

1. Кисели кравички
2. Чипс и слични грицки

3. Лимон (цицање на овошјето или во облик на лимонада)
4. Маслинки
5. Помфрит и брза храна

Топ 5 најнеобични копнежи на трудниците

1. Коцка мраз (цицање и грицкање)
2. Лути пиперки (во јадење или во прелив)
3. Цвекло (кисело или свежо во салата)
4. Кечап
5. Пеперминт и еукалиптус (мирис и вкус)

Некои од споменатите продукти се нездрави, а некои добри за мајката и детето.

[better-ads type='banner' banner='999' ]