Како да се справите со горештините во бременоста?

0
812

На бремените жени им е особено тешко кога ќе дојдат големите летни горештини. Тешките нозе, отечените стапала и вртоглавицата, се само некои од типичните летни тегоби. Ви донесуваме осум совети како да се справите со нив…

1. Пијте многу течности

Надобар начин за намалување на отоците на рацете и нозете е зголемување на количината на течности. Веднаш по станувањето на празен стомак треба да се испие една чаша вода, а во текот на денот намалку два литра. Покрај водата пијте и природни сокови, затоа што ја намалуваат жедта, полни се со витамини и ја стимулираат микроциркулацијата.

2. Пливање

Не е важно дали ќе пливате во море или во базен, важно е да се освежите, ќе се ослободите од чувството на тежина во нозете и болките во грбот. Додека пливате водата го масира телото, ја поттикнува циркулацијата и го регулира дишењето. Секако не смее да се претерува со пливање, ниту со времето поминато во вода, но 50 метри лесно пливање нема да ви пречи.

3. Многу спиење

Одморот му е потребен секому, особено на бремените жени. Ако не успеете во текот на ноќта да отспиете најмалку осум часа, тогаш тоа надополнете го во текот на денот.

4. Шетање

Релаксирачката прошетка е препорачана, но само во раните утрински часови и во предвечерието. Во текот на денот кога сончевите зраци се силни бремените жени не би требало да се изложуваат на сонце.

5. Одмарање на нозете

Неколку пати дневно направете го следното: легнете на под, нозете подигнете ги на ѕид. По пет минути ќе почуствувате како „тежината“ во нозете исчезнува.

6. Носете памучна долна облека

Кога надвор е топло, потењето во подрачјето на гениталиите се зголемува, па доаѓа до појави како чешање, зголемен вагинален секрет и пецкање. Задолжително носете долна облека од чист памук, затоа што тој пропушта воздух и ја впива потта. Мокрите костими за капење веднаш да се соблечат и да се облечат суви.

7. Внимавајте на исхраната

За толите денови се препорачува лесна хана и што повеќе вода и овошје. Тоа за бремените жени е задолжително, како и правилото дека треба да јадат малку, но често.

8. Натопете ги стапалата

Доколку навечер стапалата ви се отечени и болни, подгответе бања – во студена вода ставете една до две лажици морска сол, малку рузмарин и неколку капки екстракт од див костен, а потоа потопете ги нозете во водата неколку минути.

Фото: www.prva.rs/THINKSTOCK

[better-ads type='banner' banner='999' ]