Откако ја утврдиле листата на работи кои детето треба да знае да ги направи пред навршената трета година од животот, како јавување на телефон и миење заби, британските стручњаци сега изнеле список на зборови кои детето би морало да ги знае на двегодишна возраст. Листата е изработена преку анкета на голем број родители кои имале десет минути да ги набројат зборовите што ги знае нивното двегодишно дете.
Но, ако детето на 30 месеци и понатаму се бори со изговарање на овие зборови, родителите треба да се посоветуваат со лекар.
Истражување е спроведено во САД, но тие зборови ги користат сите децата:
– мамо
– тато
– бебе
– млеко
– сок
– па-па
– топка
– да
– не
– куче
– маче
– нос
– око
– банана
– кекс
– автомобил
– жешко (шпорет)
– благодарам
– бањање
– чевел
– капа
– книга
– нема повеќе
– уште
– чао