Кој тип на мајка сте, каде грешите и што другите можат да научат од вас?

Од тоа каква ни е мајката зависи колку ќе бидеме среќни, силни, чувствителни и успешни. Психологот Стефан Полтер вели дека постојат пет типови мајки и дека од секоја добиваме нешто добро и нешто лошо.

0
1785

Од тоа каква е нашата мајка зависи колку ќе бидеме среќни, силни, чувствителни и успешни. Психологот Стефан Полтер вели дека постојат пет типови мајки и дека од секоја добиваме нешто добро и нешто лошо.

Кој тип е вашата мајка, што вам ви всадила во текот на растењето?

Од односот што сме го имале со мајката зависи секој дел од нашиот живот. Од системот на вредностите, преку самодовербата, па до семејниот и сексуалниот живот. Бидејќи емоционалното наследство што сме го добиле од мајката, тоа сме, всушност, ние. Американскиот клинички психолог и познат семеен терапевт Стефан Полтер вели дека влијанието на мајката може да биде опасно само ако остане неосвестено или погрешно сфатено.

Кога човекот ќе го сфати тоа влијание, тој се претвора во позитивна сила, која животот може само да ја подобри. Полтер ги поделил сите мајки на пет типови: перфекционист, непредвидлива, најдобра другарка, егоист и идеална.

Пронајдете во текстот чие сте вие дете и дознајте што добро, а што лошо ви всадила вашата мајка во текот на растењето.

ДОМИНАНТНА

Доминантна мајка е најчест тип на мајка. Таа не сфаќа дека детето е индивидуа за себе и не го пушта да се одвои. Егоцентрична е и нема самодоверба.

Силна страна на нејзините деца

Децата на доминантните мајки се верни пријатели и партнери. Секогаш се полни со поддршка за другите, секогаш се подготвени да помогнат и да решаваат туѓи проблеми. Туѓата несреќа длабоко ги погодува.

Нивните слабости

Се сомневаат во себе и во своите способности. Се плашат од донесување одлуки, не им веруваат на своите чувства, бидејќи мислењето на мајката секогаш им било позначајно од сопственото.

НАЈДОБРА ДРУГАРКА

Ги третира децата рамноправно, со што несвесно ја избегнува одговорноста за нив. Наместо улогата на возрасен кој штити и се грижи, таа е во улогата на партнер и соговорник на детето. На тој начин детето практично останува без мајчината фигура. Ваквата мајка има големи емоционални проблеми, па поради тоа и самата понекогаш се потпира на детето.

Силни страни на нејзините деца

Тие подобро од секого го сфаќаат значењето на границата во односите. Често се водачи во односите и ја преземаат на себе максимална одговорност за другите.

Нивните слабости

Децата чии мајки се „најдобри другарки“ често страдаат од чувства дека се несакани и се плашат од отфрлање. Мошне лесно се навредуваат и мислат дека другите не ги почитуваат доволно.

НЕПРЕДВИДЛИВА

Раздразнета и нестабилна, оваа жена не умее да ги контролира своите чувства. Во својата глава создава проблеми и кризи и таму кадешто ги нема. Ова го одредува нејзиниот родителски стил, за кој е карактеристично да го пренесува чувството на вина на децата.

Силни страни на нејзините деца

Децата на непредвидливите мајки стануваат емпатични личности, со фантастични капацитети за работење со луѓето. Тоа е така, бидејќи од мали нозе морале да научат да ја разбираат мајката, па тоа им помага во текот на животот да излегуваат на крај со разни комплицирани ситуации, со туѓиот бес и лутината.

Нивни слабости

Паралелно со тоа што искрено се грижат за другите, можат да бидат депресивни, мелахолични и раздразливи.

ПЕРФЕКЦИОНИСТ

Таа е најголемиот контролор меѓу мајките. Претерано се грижи, плашлива е и премногу полага на влијанието што го остава на другите. Затоа, за себе гради претстава која не е секогаш во склад со нејзината вистинска природа, но е во склад со она што таа мисли дека треба да биде.

Силни страни на нејзините деца

Децата на мајките перфекционисти израснуваат во одговорни луѓе, кои се потпора на сите. Работа, ред, дисциплина и упорност за нив се најважните вредности.

Нивни слабости

Премногу се самокритични, страдаат од комплекси на пониска вредност и често чувствуваат емотивна празнина. Имаат чувство дека целиот свет ги набљудува и за нешто ги осудува.

ИДЕАЛНА МАЈКА

Верувале или не, такви постојат, иако ги нема многу. Стефан Полтер во својата книга вели дека ги има само 10 отсто. Тие се емотивно стабилни, ги третираат децата како самостојни личности, ги штитат, а не ги гушат. Им помагаат да се осамостојат. Тие не се совршени, но на децата им се посветуваат со многу волја и размислување.

Силни страни на нејзините деца

Децата на ваквите мајки имаат многу сила да се справуваат со сите животни ситуации. Добро ги поднесуваат неуспехот, критиката и одбивањето. Не се навредуваат и не се оптоваруваат со сомнежи. Не се плашат од ризици. Ги разбираат и почитуваат различните мислења. Емоционално се автономни.

Нивни слабости

И тие деца имаат некои слабости, но нивните мајки не се такви да ги попречуваат во функционирањето или да им пречат да уживаат во животот со полно срце.

Фото: Shutterstock, Profimedia.rs/zena.blic.rs

 

 

[better-ads type='banner' banner='999' ]