Јас сум Хашимото

Пациентите со болест на тироидната жлезда околината често ги става во категоријата „лажни пациенти“ и често се слуша реченицата „Не ти е ништо“. А ние знаеме дека ни е – сè

0
518

Ако боледувате од Хашимото, тогаш проследете го овој текст до членовите на вашето семејство, соработниците, пријателите и сите со кои секојдневно контактирате. Можеби конечно ќе разберат како е да се живее со заболена тироидна жлезда и колку напор понекогаш е потребно за да се истурка еден сосема обичен ден.

Значи, Хашимото

Јас се викам Хашимото. Јас сум невидлива автоимуна болест која ја напаѓа твојата тироидна жлезда и е причина за твојата хипотиреоза. Се залепив како крлеж за твојот живот. Ако имаш хипотиреоза, веројатно ме имаш и мене. Јас сум причина број еден за хипотиреоза во многу земји низ светот.

Јас сум итар и подмолен – не се појавувам секогаш на твоите крвни анализи.

Луѓето околу тебе не можат да ме видат или ниту да ме слушнат, но твоето тело ме чувствува.

Можам да те нападнам каде било и на кој било начин. Ако сакам.

Можам да ти предизвикам силна болка или, ако сум добро расположен, може да ти ги предизвикам сите болки во твоето тело одеднаш.

Се сеќаваш кога ти и твојата енергија трчавте околу наоколу заедно и се забавувавте? Ја зедов таа енергија од тебе и ти дадов исцрпеност. Обиди се да се забавуваш сега.

Можам да ти го одземам добриот сон и наместо тоа да ти дадам заборав и недостаток на концентрација.

Можам да те натерам да сакаш да спиеш 24 часа на ден, но може да ти предизвикам и несоница.

Можам да направам да чувствуваш внатрешен тремор или да ти создадам чувство на студ или топлина, кога сите други се чувствуваат нормално.

Накратко, може да ти предизвикам отекување на рацете и нозете, лицето и очните капаци – може да влијаам на тоа да ти отече буквално сè.

Можам да направам да се чувствуваш депресивно или да имаш напади на паника. Исто така можам да ти ги предизвикам сите останати ментални здравствени проблеми.

Сите тие луди промени на расположението? Тоа сум јас.

Дали плачеш без причина? Дали се лутиш без причина? И тоа сум јас.

Јас сум Хашимото и те променив

Можам да направам да ти паѓа косата, да ти стане сува и кршлива или да ти расте многу бавно. Можам да ти предизвикам акни, сува кожа, … само небото ми е граница.

Јас можам да те натерам да се здебелиш, и колку и да јадеш или вежбаш, не губиш ниту грам. Исто така, можам да направам и да ослабеш. Не сакам дискриминација.

Моите пријатели, други автоимуни болести, честопати ми се придружуваат, па имаш уште поголема причина да се грижиш.

Ако планираш нешто или со нетрпение очекуваш посебен ден, можам да ти го одземам. Ти не ме побара, те избрав од различни причини: оној вирус или вируси што си ги имала и никогаш не си закрепнала, или онаа сообраќајна несреќа или, можеби, години на малтретирање и трауми (јас само напредувам и уживам во стресот.) Можеби сум ти и генетски предодреден. Без оглед на причината, јас сум тука и не планирам да одам никаде.

Има уште повеќе

Слушам дека планираш да одиш на лекар за да се обидеш да се ослободиш од мене. Немој да ме смееш. Само пробај. Ќе мора да одиш кај многу, многу лекари додека не пронајдеш некој што навистина ќе ви помогне.

Ќе ти дадат погрешни лекови: лекови против болки, апчиња за спиење, таблети за подигање на енергијата, ќе ти кажат дека страдаш од депресија и дека имаш напади на паника, ќе ти препишат антидепресиви и слично.

Постојат уште многу различни начини на кои можам да те направам болна и мизерна, списокот е бесконечен: тој проблем со висок холестерол, жолчен меур и жолчни камења, крвен притисок, шеќер или срцеви проблеми? Веројатно тоа сум јас.

Не можеш да забремениш или имаше спонтан абортус? Веројатно и тоа сум јас.

Остануваш без здив или чувствуваш неподнослив глад? Да, веројатно сум и тоа јас.

Дали ензимите на црниот дроб ти се покачени? Да, веројатно сум јас.

Проблеми со забите и непцата? Исип? Да, веројатно сум повторно јас.

Ти реков дека списокот е бесконечен.

И тоа не е сè

Можат да ти препишат лекови за хронична болка, можеш да одиш на масажи, можат да ти кажат дека сè ќе биде добро ако спиеш и редовно вежбаш.

Ќе ти кажат да размислуваш позитивно, ќе те поттикнуваат, ќе те форсираат, а најмногу од сè, нема да те сфаќаат сериозно кога ќе се обидеш да им објасниш за бесконечниот број лекари кај кои си била, кога ќе им кажеш колку исцрпено, колку болно и немоќно всушност, се чувствуваш. Многу е веројатно дека ќе добиеш упат за на психијатар од сите овие лекари, полни со разбирање.

Твоето семејство, пријателите и колегите ќе те слушаат сè додека тие самите не се заморат од постојано истата приказна, колку сум тежок и колку те правам слаба, исцрпена и болна.

Некои од нив ќе ти кажат нешто како: „Ох, едноставно имаш лош ден“.

Исто така, ќе ти кажат и нешто како „Кога само би станала и би се активирала, кога би излегла и би го правела тоа и тоа, ќе се чувствуваше многу подобро“. Тие не сфаќаат дека ти го одземав „горивото“ што им дава сила на твоето тело и ум и што дозволува да се прават такви активности.

Хашимото не носи, тој одзема

Ќе започнат да те озборуваат зад грб, ќе кажат дека сте хипохондрик, додека полека чувствуваш дека го губиш достоинството, обидувајќи се да најдеш разбирање, особено ако си среде разговор со „нормална“ личност и не можеш да се сетиш што сакаше да кажеш следно.

Ќе ти кажат работи како што: „Ах, баба ми го имаше тоа и е многу подобра откако ја зема терапијата“, додека ти очајно сакаш да објасниш дека не влијаам на сите подеднакво и дека тоа што некоја баба со одредена терапија е добро, не значи дека истата оваа терапија ќе делува и на тебе.

Тие нема да сфатат дека оваа болест влијае на твоето тело од глава до пети и дека секоја клетка и секој орган на твоето тело бара точна количина и точен вид на лек за тироидните хормони само за ТЕБЕ. Не лекот што делува кај некој друг.

Единственото место каде што ќе добиеш поддршка и разбирање за проблемот со мене е со други луѓе кои ме имаат. Тие навистина се единствените кои навистина можат да те разберат.

Јас сум Хашимото.

Текстот е од ТУКА.

Фото: Pexels

[better-ads type='banner' banner='999' ]