Што се случува во врската кога „пеперутките ќе исчезнат“

Еве како изгледа љубовта после 5 години: Не е оган што гори во вашата душа, туку пламен што ве грее додека удобно тонете во сон.

0
117

„Пеперутките во стомакот“ денес се сметаат за класичен симптом на вљубеност и љубов.

Меѓутоа, многумина кои се во долги врски се разочарани кога овие пеперутки ќе исчезнат.

Ова поттикнало една корисничка на Тамблер (Tumblr) да опише како изгледала нејзината врска после 5 години. Во својата порака, таа совршено опишува како да го заедничкиот живот го трансформира во љубов.

Поминаа 5 години откако сум во врска. Секој ден гледам статуси на социјалните мрежи за тоа дека да се биде во врска со човекот на твојот живот значи постојано да имаш пеперутки во стомакот.

Многу луѓе веруваат дека љубовта е вистинска само ако секојпат кога таа личност влегува во собата, вашето срце чука побрзо, ако се гушкате секоја вечер, ако го поминувате времето испреплетени во креветот и спиете гушнати секоја вечер.

Можам да ви кажам дека тоа воопшто не е случај. Барем не за мене…

Штом започнете да живеете заедно, пеперутките исчезнуваат. Вашето срце повеќе не чука секој пат кога ќе го видите. Наместо тоа, се се смирува. Кога сте во иста просторија со него, се чувствувате смирено и сигурно.

Кога се гушкате со него, вашето срце чука бавно, а звукот на неговото дишење ве смирува и ве заспива. Веќе не сте на вртелешката на чувствата, туку сте дома.

Веќе не спиете прегрнати и со испреплетени екстремитети. Наместо тоа, спиете удобно еден до друг, многу често вртејќи се на спротивните страни. Сепак, секоја вечер се фаќате како се поместувате во близина на неговата рака или го галите по косата додека спие.

Има ноќи кога мојот заспан партнер во ја подава раката кон мојата страна од креветот или само ме повлекува накај него како што детето би ја повлеколо својата кадифенa играчка. Сега сум негова удобност, сигурност и мир.

Во зори, кога целиот свет е мрачен и сонлив, јас се вгнездувам во неговите гради, вдишувајќи го неговиот мирис пред повторно да потонам во соништата.

Бакнежите повеќе не се страствени и романтични како порано. Но, сега има повеќе. Тоа се ладни бакнежи од сладолед, бакнежи од мармалад за време на појадокот. Има и бакнежи „Одам на работа“ и бакнежи „само уште еден бакнеж за по пат“.

Постојат сонливи утрински бакнежи што ве будат подобро од секој аларм. Дали има поубав начин да го започнете денот?

Има и бакнежи за добра ноќ, бакнежи кои велат „Мило ми е што те сакам тебе, а не некој друг“.

Има и кратки бакнежи во супермаркет, кога се околу вас е забрзано и гласно, се наведнувате еден кон друг, се барате еден со друг, се пронаоѓате.

Кога наместо да ја цените вашата слобода и да му ја дадете нему неговата слобода и простор, вие сте слободни еден со друг и најубаво ви е кога сте еден до друг и кога со прегратка ќе го премостите просторот што ве одделува.

Веќе не испраќате пораки во кои си изјавувате љубов или ја потврдувате љубовта еден со друг секој час. Љубовта сега се зема здраво за готово.

Од романтични изливи на љубов сега сте напредувале до ниво на интерни шеги поврзани со животот што го градите заедно. Разменувате меѓу себе погледи на зачуденост, негодување, воодушевување во јавност – го имате вашиот мал свет наспротив оној надворешниот.

Врската не е бајка. Не се огномет и фанфари. Барем престанува да биде по некое време.

Наместо тоа, врската е тивок ритам на љубов и грижа. Не е оган што гори во вашата душа, туку пламен што ве грее додека удобно потонувате во сон.

И јас го сакам тоа.

Фото: Unsplash

[better-ads type='banner' banner='999' ]