Што открило истражувањето на короната кај децата

Големо американско истражување во кое учествувале 136 илјади педијатриски пациенти открило дека само четири проценти од нив биле заразени со коронавирус, а огромното мнозинство од тие случаи биле асимптоматски или благи.

0
305

Студијата во која истражувачите прегледале податоци од 136.000 педијатриски пациенти во седум детски болници во САД, сите тестирани за коронавирус, а објавена во списанието JAMA Pediatrics, ја потврдила, но не ја објаснила големата мистерија на пандемијата – зошто инфекцијата што досега уби еден и пол милиони луѓе во светот е ретка и речиси безопасна кај помалите деца.

Имало 5.374 позитивни деца, што е 3,9 проценти, а помалку од седум проценти од нив развиле потешки симптоми поради кои завршиле во болницата. Осум од нив починале, повеќето со претходни сложени коморбидитети, што значи дека стапката на смртност била 0,15 проценти.

Инфекцијата била почеста и потешка кај црните, шпанските и азиските пациенти, кај адолесцентите од 12 до 17 години и кај оние со претходна хронична болест.
Авторите додаваат дека ќе бидат потребни дополнителни истражувања за да се утврди кои медицински состојби ги ставаат децата на поголем ризик.

Студијата покажала дека децата со дијабетес, а не со астма, почесто ќе бидат позитивни на тестирањето.

Нејасно е и зошто децата во најголема мерка коронавирусот едвај ги допира.

Една теорија, поттикната од некои студии, укажува на тоа дека клетките на носната слузница кај децата произведуваат помалку протеини кои му помагаат на вирусот да влезе во телото, во однос на клетките од слузницата на носот на возрасните.

Фото: Pexels

[better-ads type='banner' banner='999' ]