Што им пречи на бебињата додека се во стомакот?

Сте забележале дека бебето реагира на храна, смеење, на вашите движења? Прочитајте што вашето бебе не сака да правите.

0
300

Тоа што е во стомакот не значи дека бебето не комуницира со мајката.

Од испробување храна, до удирање со ноџињата и рачињата, реакции на светлина, се до работи кои не сакаат да ги прават нивните мајки, бебињата навистина прават сешто во стомакот. Порталот Mom Junction направил листа од работи кои мајките чест ги прават, а бебињата во стомакот не ги сакаат.

Долга и интензивна смеа

Често се вели дека кога е мама срежна, срежное и бебето. Воовој случај тоа не е вистина. Ако мајката се смее долго и силно, бебето се чувствува како од мирна пловидба во течност да е фрлено натрамболина која никако не рестанува даја отфрла. Обидете се да избегнувата долго и громогласно смеење за да не го вознемирите бебето.

Постојано боцкање

Во третото тримесечје, кога е бебето еќе големо, мајките честопати боцкаат со прстите за да бидат во којаположба се наоѓа бебето. Бебето сака кога го галите и дипирате стомакот, мо не претерувајте. Никогаш не можете да знаете што прави моментално бебето во стомакот, а ако премногу истражувате со своите прсти, тоа може да стане мрзоволно и д почне да бега од вашиот допир.

Ненадејни и гласни звуци

Сите знаеме дека музиката делува смирувачки, не само на бебињата, туку и на возрасните. Иако бебињата можат да слушнат само придушени звуци во матката, тие мразат ненадејна бучава. Чувајте го стомакот подалеку од гласниот миксер кога сте дома, а кога сте надвор, обрнете внимание на гласните сирени.

Мајка под стрес

Како што се чувствува мајката, така се чувствува и бебето. Ако сте под премногу стрес, количината на хормоните нагло се зголемува и може да влијае на вашето бебе. Вежбајте техники за релаксација, како што се длабоко дишење, медитација, вежбање или пробајте јога, сè што ќе ве направи порелаксирани. Секако, без громогласно смеење.

Премногу си играте со светлото

Бебињата реагираат кога вперувате батериска лампа во стомакот. Премногу светлина може да го иритира вашето бебе, особено ако изберете време кога тоа се одмара. Ако вашето бебе не е расположено да си игра со светлото, тоа нема да ви возврати.

Премногу се превртувате додека спиете

Како и громогласното смеење, така и постојаното превртување во креветот го вознемирува вашето бебе. Ако тоа се одмара или спие, ненадејните движења можат да го исплашат. Обидете се да се превертувате полека додека не се наместите.

Зачинета храна

Вашето бебе го чувствува вкусот на храната што ја јадете преку амнионска течност. Најдобро би било да избегнувате зачинета храна, особено луто. Секој пат кога ќе изедете нешто луто, обрнете внимание на стомакот, бидејќи вашето бебе веројатно ќе почне да се врти и да ве удира силно.

Депресивна мајка = тажно бебе

Знаеме дека рековме дека бебето веројатно мрази долго и силно смеење, но тоа не значи дека треба да бидете тажни. Обидете се да избегнете да се чувствувате тажни или депресивни, бидејќи тоа ќе влијае на вашето бебе. Само да знаете дека бебињата плачат и додека се во матката. Секогаш бидете насмеани.

Недостаток на простор

Како што расте вашето бебе, стомакот ќе ви биде потежок. Не можете да направите многу (освен да се породите), но можете да се обидете да се истегнете, да легнете на креветот и да се опуштите. Не се грчете додека лежите.

Празен стомак

Како и сè друго, вашата глад влијае на вашето бебе. Тоа мрази кога е гладно и ќе ви го даде тоа на знаење со нагли движења. Секој пат кога ќе се чувствувате гладни или копнеете по одредена храна, одете директно во кујната. Ќе сфатите колку ви е благодарно вашето дете кога после јадењето ќе ви возврати со нежен удар.

Фото: Pixabey

[better-ads type='banner' banner='999' ]