Генијална идеја: Како да ги ангажирате децата во купувањето намирници

Дали би пробале да го направите ова кога одите да купувате со своето дете? Обидете се и информирајте не како поминал вашиот експеримент

0
242

Одењето во набавка на намирници и материјали за домаќинството може да биде вистински предизвик ако го понесете со себе и своето дете. Затоа една мајка, која се изморила да трча по нејзиниот син за да го спречи да ги урне полиците, ја објавила својата генијална идеја.

Аманда Варбортон открила дека нејзиниот син Џејмс ужива кога му дава обврски па му облекла униформа за да добие впечаток дека прави нешто навистина важно и му дала список за купување и илустрации на производите што треба да ги купат.

„Најдов фотографии од разни работи на Интернет, ги отпечатив, ги исеков и ги пластифицирав. Џејмс сфати дека сè што е на списокот треба да се најде и да се стави во количката за пазарење.

„Мојот син инаку не сака да оди на купување, трча, вика,  станува неподнослив, но сега оваа своја задача ја сфаќа доста сериозно“, додала таа.

Фото: Фејсбук

[better-ads type='banner' banner='999' ]