Кога се обидувате да забремените и да го проширите семејството, сакате да сторите сè што е во ваша моќ за да создадете позитивно опкружување. Од следење на менструалните циклуси до водење евиденција за тоа колку и што пиете или јадете, жените честопати ќе направат промени во животот бидејќи се подготвуваат за здрава бременост.
Што е диета за плодност?
Диетата за плодност всушност треба да ги исчисти вашите навики во исхраната со цел да го промовира оптималното здравје, а за возврат, да ја зголеми плодноста. Диетата е развиена од тројца лекари од Медицинскиот факултет Харвард и тие ја образложиле во својата книга од 2009 година, соодветно насловена како „Диета за плодност“.
Лекарите ја развиле оваа диета од резултатите од долгорочното истражување во кое биле вклучени десетици илјади жени за кои било следено што јаделе и колку често постигнале бременост.
Според Harvard Health Publishing, ова осумгодишно истражување спроведено на над 18 000 жени било прво сеопфатно истражување за исхраната и плодноста. Резултатот се 10 предлози засновани на исхрана и вежбање кои се чини дека се поврзани со способноста на жената да забремени, вклучително и потребата да се јаде разновидно овошје, зеленчук и растителни протеини.
Која храна може да ви помогне да забремените?
Здрави масти
Избегнувајте транс масти, кои ги има во брзата храна. Овие вештачки масти не само што му штетат на вашето срце, туку се поврзани и со зголемена отпорност на инсулин и нарушена овулација.
Спротивно на тоа, изборот на мононезаситени масти како оние што се наоѓаат во екстра девственото маслиново масло, јаткастите плодови и авокадото може да ги подобри шансите за зачнување.
Исто така, ќе сакате да се одлучите за храна богата со омега-3 масни киселини. Ако сте љубител на лосос и скуша, можеби веќе ги подобрувате шансите за плодност, бидејќи овие морски „суштества“ се богати со омега-3 масти.
Имено, репродуктивниот систем користи масни киселини како енергија за да го стимулира развојот на јајцата и раниот ембрион. Исто така забележува дека тие играат голема улога во имплантацијата на ембрионот и одржувањето на бременоста. Постојаното внесување на омега-3 масни киселини е исто така поврзано со поредовна овулација и пониски стапки на ендометриоза.
Храна богата со растителни влакна
Внесот на влакна е корисен за жените кои сакаат да забременат, бидејќи тие го намалуваат вишокот естроген во организмот, помагајќи да се намали доминацијата на естрогенот и да се намалат нивоата на прогестерон.
Добри извори на влакна вклучуваат кељ, зелен зеленчук, брокула, зелка и интегрални житарки и ориз.
Храната богата со влакна, исто така, доаѓа со дополнителни придобивки од природна фолна киселина и други витамини. Фолната киселина е особено клучна за жените кои се бремени или се обидуваат да забременат. Статусот на фолати кај жените е важен и за зголемување на шансите за зачнување и за спречување на дефекти при раѓањето.
Многу од овие растителни намирници се исто така богати со железо, хранлива материја за која авторите на Харвард веруваат дека може да ја подобри плодноста.
Растителни протеини
За оние кои се обидуваат да забременат, се предлага да се замени внесувањето на животински протеини, како што е црвено месо, со растителни протеини како грав, леќа, сирови јатки и семиња. Како тоа? Оваа модификација може да го намали ризикот од овулациска неплодност.
Имено, високиот степен на потрошувачка на црвено месо кај жени подложени на ин витро оплодување е поврзано со намален процент на јајца кои успешно прераснуваат во ембриони достапни за имплантација. Главната грижа во врска со потрошувачката на животински протеини и производи е тоа што многу од овие прехранбени производи содржат загадувачи на животната средина, хормони и фактори на раст кои можат да ја променат репродуктивната функција.
Лекарите кои стојат зад исхраната за плодност сугерираат порцијата месо да се заменува секојдневно со грав, грашок, соја, тофу или јаткасти плодови. Тие исто така препорачуваат вклучување на дел од полномасните млечни производи како што се полномасно млеко, сладолед или јогурт и исклучување на обезмастените млечни производи, бидејќи тие се поврзани со неплодност.
Што е со вежбањето?
Покрај прилагодувањето на вашите навики во исхраната, диетата за плодност ги охрабрува своите следбеници да постигнуваат и одржуваат здрава телесна тежина.
Авторите на оригиналната книга за диетата сугерираат индекс на телесна маса помеѓу 20 и 24, што се смета за „нормална“ тежина. Прекумерната тежина или дебелината може да влијае на вашиот менструален циклус, целосно отфрлање или запирање на овулацијата, што ја прави бременоста многу потежок предизвик.
Особено за жени со прекумерна тежина, диетата поттикнува секојдневна физичка активност што помага во зајакнување на плодноста. Но, авторите предупредуваат дека и претерувањето со вежбање исто така може да има негативен ефект врз овулацијата.
Кои се придобивките од диетата за плодност?
Ако обично не јадете ваков вид храна, многу е веројатно дека ќе изгубите тежина кога ќе почнете да ги „полните“ оброците со здрава храна. За возврат, ќе видите поголема шанса да забремените, бидејќи ќе бидете во соодветниот опсег на тежина за вашиот тип на тело што е од суштинско значење за бременоста.
Резервите на маснотии се поврзани со зголемен ризик од неправилна овулација и зголемено воспаление, што може да создаде непостојана средина за јајце клетките, сперматозоидите и ембрионот.
Исхраната за плодност гарантира дека ги внесувате клучните хранливи материи што му се потребни на вашето тело за да забремени и да одржува здрава бременост.
Експертите забележуваат дека диетата за плодност може да биде особено корисна за жени кои страдаат од синдром на полицистични јајници, бидејќи оваа медицинска состојба често се поврзува со прекумерна тежина и отпорност на инсулин.
Што е со недостатоците во диетата за плодност?
Иако се вели дека навистина нема недостатоци во усвојувањето на овие принципи на здрава исхрана, постои опасност да се отиде предалеку.
Т.н. модерна диета може да предизвика исцрпување на хранливите материи и хормонална нерамнотежа, што е совршена бура за намалување на неплодноста. Губење на премногу тежина со екстремна диета и / или вежбање всушност може да доведе до затворање на вашиот репродуктивен систем, во обид да ги свртите ресурсите на телото кон опстанок, а не кон други критични функции, како што е репродукцијата.
Запомнете дека подобрувањето на вашата плодност преку промени во исхраната и начинот на живот значи да бидете што е можно поздрави. Добро избалансирана исхрана и режим на вежбање се проучувани и докажани многу пати дека можат да помогнат во плодноста, бидејќи го подобруваат целокупното здравје – клучна состојка за успешен исход на бременоста.
Но, дали тоа ќе значи дека магично ќе забремените? Се разбира не. Но, грижата за здрава исхрана може да помогне многу, со тоа што поголемиот дел од плодноста се базира на нашата генетика и е надвор од нашата контрола.
Многу луѓе кои водат совршено здрав начин на живот страдаат од неплодност, а многу луѓе живеат сосема спротивно и се совршено плодни.
Нешто што треба да се има предвид е дека факторите на животната средина можат да ја влошат генетската подложност. Размислете на овој начин: Генетиката ја полни пушката, а факторите на средината (исхраната) го повлекуваат чкрапалото. Најдобро е да се одржува здрав начин на живот во целина, и за плодност и генерално, за здрав живот.
Фото: Freepik