Уште едно породување во живо (ВИДЕО)

Популарната јутјуберка Челси Кеј Хaрст објавила видео од своето домашно породување кое било прегледано 50 000 пати само во првите неколку часа.

0
696

Челси Кеј Харст и Ник Харст се популарни јутубери, а на 12 јули го добија своето прво дете, момчето Хадсон Овен Харст.

Челси се одлучила за домашно породување. Таа вели дека знаела дека ќе ја избере таа опција уште пред да забремени.

„Нешто во врска со тоа ми се чинеше правилно и мирно. Јас сум таква личност. Мислата да бидам близу до мојот сопруг и мал тим од луѓе само направи да се чувствувам добро”, напишала новата мајка на Инстаграм.

Таа истакнува дека нејзиното породување не било безболно.

„Пуштавме смирувачка музика. Го однесов кучето на прошетка, а потоа сопругот ме држеше за рака додека имав контракции. Породувањето беше луда игра на умот – се прашував дали ќе бидам добра мајка, дали јас бев навистина подготвена за ова, а потврдните одговори на мојата бабица, дула и сопругот беа неверојатно охрабрувачки“, додава таа, опишувајќи го своето искуство.
Челси одлучила да се обиде да ги инспирира другите идни мајки и бремените жени да размислат за породување дома доколку имаат можност. Затоа таа го снимала целиот процес, од лесните болки што започнале во 6 и 30 часот до шампањското и вечера во кревет во 20 и 30, кога веќе го држи својот син во рацете. Снимката која била објавена на нивниот канал била прегледана 50 000 пати за само неколку часа.

Фото: Скриншот/Јутјуб

 

[better-ads type='banner' banner='999' ]