Татко на сијамски близначки е пред невозможна одлука: Која да живее?

Во текот на изминатите две и пол години, овој татко на тригодишни сијамски близначки се борел со агонизирачка одлука за тоа дали да одат со хируршко раздвојување кое Мариеме не би го преживеала, но тоа би можело да ѝ даде на Ндеј шанса за нормален живот. Без разделување, и двете речиси сигурно ќе умрат.

0
1096
Phil Sharp/BBC

Ибрахима Ндиаје од Сенегал е татко на шест деца, помеѓу останатите, и на тригодишните сијамски близначки Мариемe и Ндеј.

Таткото се обратил за помош во болниците во Белгија, САД, Германија, Зимбабве, Шведска и Норвешка, а потоа и на британската болница Great Ormond Street Hospital. Девојчињата тогаш имале само 7 месеци.

Тие се родени со две глави, одвоени срца и бели дробови, но го делат црниот дроб, мочниот меур и системот за варење, а заедно имаат три бубрези. За жал, срцето на Мариеме е послабо, па лекарите претпоставуваат дека нема долго да живее, а тоа не би го преживеала ниту нејзината сестра.

Имено, Мариеме речиси сигурно нема да ја преживее операцијата на радвојување, иако раздвојувањето би можело да ѝ даде на Ндеј шанса за нормален живот. Без раздвојување и двете речиси сигурно ќе умрат.

„Во оваа ситуација не се служите со мозокот туку го слушате срцето, а секоја одлука која ќе ја донесете, ќе ве скрши“, рекол очајниот татко за кој БиБиСи снимил и документарец насловен како „The Conjoined Twins: An Impossible Decision”.

Лекарскиот тим кој се грижи за девојчињата побарал помош од етичкиот совет на чие чело е педијатарот д-р Џо Бриери, а неговите прогнози не се воопшто добри.

„Можеме да направиме неверојатни работи во однос на 20 или 30 години претходно, но тоа не значи дека можеме секогаш. Смртта на Мариеме значи и смрт за Ндеј и тоа не е можно да се смени или да се запре. А во моментот кога Марием ќе почне да умира, повеќе нема да има опции за раздвојување“, објаснил тој.

Баш затоа Ибрахима одлучил дека нема да се согласи на операција затоа што тоа би ја забрзало смртта на Марием.

„Тие се заедно и тие се еднакви. Болницата беше многу јасна и отворена во текот на целото лекување. Дојдовме како пациенти, но сега сме повеќе од тоа. Лекарскиот тим го сметам  за семејство. Никогаш не чувствував притисок дека мора да се согласам на операцијата, секогаш ме почитуваа. Знам дека ќе дојде време кога тие две ќе мораат да заминат, но во овој момент тие се борат и ми даваат снага за живот. Морам да знам дека сум им овозможил се што можам. Среќник сум затоа што имав можност да бидам дел од ова патување“, заклучил тој:

Таткото истакнува дека девојчињата имаат различни карактери и дека секоја од нив е посебна, пишува The Guardian.

Фото:  Phil Sharp/BBC

[better-ads type='banner' banner='999' ]