Татковци во родилната сала: Што ги исплашило и изненадило при породувањето?

Породувањето не е посебно само за мајките, туку и за татковците. Иако не раѓаат, чувствата што минуваат низ нив додека се во салата за породување со своите партнерки се толку силни што ги паметат цел живот

0
421

Денес, во светот е вообичаено идните татковци да ги следат своите партнерки за време на породувањето. Некаде е тоа веќе толку вообичаено што мажите често дури и не се осмелуваат да ги искажат своите сомнежи: Дали ќе го преживеам? Може ли да издржам да ја гледам својата сопруга како се мачи? Дали има многу крв? Овие проблеми ги мачат и жените и мажите. И кога сте најмногу подготвени, повторно не сте подготвени и секогаш ќе наидувате на изненадувања.

Еве ги искуствата на некои татковци од ’белиот свет‘ кои биле на породувањето на своите партнерки, што ги изненадило, што ги трогнало, па дури и ги исплашило за време на породувањето. Од грижата заради изобилството на телесни течности, силниот кунг фу стисок на нивната партнерка, па до сечењето на папочната врвца. Ова се нивните моменти, а Fatherly.com ги собрал на едно место.

Сфатив дека сум татко

Првиот шум што го направи ќерка ми ме донесе во реалноста. Додека не се појави таа, „да се има дете“ беше само еден вид апстрактен концепт. Кога ќерка ми излезе и го испушти тој прв силен крик, тогаш сè стана реално. Таа беше вистинска. И навистина бев татко.

Мет, 37 години

Ништо не одеше според планот

Ќе звучам како мрзливец, но она што ме полуде беше количината на работа што требаше да ја направам. Или, всушност, колку од она што навистина се случуваше во родилната сала, не беше ни приближно со нашиот „план за раѓање“. Морав да импровизирам. Морав да се приспособувам. И морав да ја набљудувам ситуацијата. Јас сум планер, затоа бев во дилема „борба или бегство“. За среќа, не се замрзнав и не побегнав. Сè што е во салата за породување е чист хаос.

Лиам, 40 години

Колку многу течности!

Не бев подготвен за сите тие течности. Крв, слузест чеп. Сигурен сум дека во некој момент и се измочка. Изгледаше како ’Mortal Kombat‘. Знаев дека ќе има крв. Го знаев тоа. Но, не очекував толку многу. Она што навистина ме изненади е тој „хаос“, дури бев загрижен дека мојата сопруга е повредена или дека нешто не е во ред. Крвта значи нешто лошо, нели? Јас очигледно бев кукавица, затоа што и мајката и детето се добри.

Арон, 37 години

Стисокот на жена ми

Знаете што ме полуде? Кунг фу стисокот на мојата сопруга. Раѓањето на нашиот син траеше долго, а јас цело време ја држев раката на мојата сопруга. Секојпат кога ќе требаше да стисне, таа ќе ми ја стиснеше и раката како да гмечи празна конзерва пиво. Не реков ништо, но рацете и зглобовите ми беа полни со модринки во следните неколку дена. Силата на бремената жена е вистинска, момци.

Гери, 44 години

Количината на измет

Измет. Насекаде, насекаде. Не знаев чиј е. Измет на жена ми, на бебето. Барем мислам дека беше – дури и не знаев дали е можно да е на бебето. Но, јас бев подготвен за таа бура – прочитав многу книги и блогови кои велат дека е вообичаено една жена да ја изгуби контролата за време на породувањето – но мислам дека на крајот не бев доволно подготвен.

Колин, 38 години

Доаѓањето на постелката

Ох, постелката. Доаѓа по бебето. Знаев нешто за тоа, но целосно заборавив и не очекував. Нашиот син дојде на свет, лекарите го држеа и го прегледаа. Сè беше добро. Тогаш медицинската сестра рече: ’Ајде, уште еднаш!‘ Не очекувавме близнаци и јас бев целосно збунет кога испадна тој крвав предмет кој личеше на парче месо. Дури ни понудија да го задржиме. Се чини дека ова е исто така можно.

Гај, 41 година

Сечење на папочната врвца

Сечењето на папочната врвца беше дефинитивно најнепријатната работа. Поврзана е со мајката и со детето, изгледа како месо и е многу цврста. Како човечко месо. Мислам, тоа е човечко месо. И тешко е да се исече! Мислев дека ќе го исечам, но тоа беше повеќе како да се обидувам да исечам закачалката. Се чувствував како да ги повредувам и двајцата. Лекарот и медицинските сестри ме уверија дека нема нерви во папочната врвца и дека не можам да им наштетам ниту на мајката ниту на бебето. Проверив на Википедија – вистина е.

Бен, 34 години

Фото: Pexels

[better-ads type='banner' banner='999' ]